
Менувајте пози и кажете му да ви даде знак штом почувствува дека се ближи ејакулација.
Во неговите 20-ти
Во дваесеттите години најзабележлива е неговата адолесцентска енергија, а неговата мисија е да има секс колку што е можно повеќе. Тој се труди да си докаже на себе и на оние околу него дека е квалитетен љубовник; дека е добар во кревет и знае како да задоволи една жена. Добриот секс му е неопходен за да го одржи во живот машкото его, и смета дека една врска може да опстане само ако се одржува интимноста. Во спротивно, сексот би станал домашна работа, а привлечноста би исчезнала за миг. Сѐ на сѐ, неговите дваесетти се период кога поважен му е квантитетот од квалитетот, и за него нема поголем подарок од тоа да бидете расположени за секс во секое време од денот. Единственото нешто за кое треба да сте загрижени ако сте во врска со момче на оваа возраст е прераната ејакулација. Причината за тоа е прекумерната стимулација, односно возбуденост што не се контролира лесно. Од реклами за долна облека, преку списанија и порно филмови; тие може да доживеат ерекција и тогаш кога само размислуваат за секс.
Совет: Менувајте пози и кажете му да ви даде знак штом почувствува дека се ближи ејакулација. Ограничете ја предиграта и внимавајте да не го превозбудите, инаку сѐ ќе заврши за миг.
Во неговите 30-ти
За повеќето мажи, почетокот на триесеттите години е почеток на една нова ера, во која се стремат кон стабилизирање на кариерата и создавање свое семејство. Ако до вчера помислата да има сериозна врска, а воедно и секс со една жена до крајот на животот го тераше да исчезне без глас, денес планирањето на стабилен живот му пружа чувство на задоволство. Сепак, не сѐ е така сјајно кога станува збор за сексот, особено ако тој има работни обврски и преку викенд. Неретко ќе биде исцрпен, па сексот мора да го закажете како вечера во ресторан. Ако имате деца, додека заспијат веќе ќе бидете изморени за какви било лудории во кревет, па затоа се вели дека во третата декада од животот сексуалните односи добиваат прагматична функција. Многу често, сексот е користи како средство за намалување на стресот од секојдневните обврски, а тоа е токму тоа што му е потребно во триесеттите. На крајот на краиштата, закажувањето на жешка средба со сопствениот сопруг може и тоа како да им излезе в пресрет на вашите потреби. Тоа нека биде ваш начин да избегате од грижите и притисоците, а воедно и начин да ја одржите романтиката и блискоста со партнерот. Потсетете го дека не сте само мајка и сопруга - вие сте жена која сѐ уште знае како да се забавува.
Совет: Изненадете го со нешто што најмалку го очекува: најдете време да купите нова облека, или натерајте го да пробате поза што никогаш не сте ја пробале, иако заедно сте цела вечност. Вино, свеќи и полна када исто така би можеле да завршат работа.
Во неговите 40-ти
Ниту еден момент не е пресуден за мажите со таа мера како четириесеттиот роденден. Тоа е денот кога тие почнуваат да се замислуваат како немоќни старци без заби, и сфаќаат дека се само обични смртници. Обрнуваат повеќе внимание на својата физичка состојба, бидејќи забележуваат дека не се флексибилни како порано. Од медицински аспект, не се случува некоја голема промена. Најважно е тоа што нивните мисли се далеку од вистината; мажите стануваат подобри љубовници во своите 40-ти, затоа што повеќе се грижат за квалитетот на својата „работа“, отколку за тоа колку често ќе имаат „работа“. Оргазмите се подолги и позадоволувачки, а мастурбацијата и оралниот секс се повеќе доаѓаат предвид, особено затоа што му е потребно повеќе стимулација за да дојде до ерекција. Нежноста и вниманието се нивна јака страна во овие години, и нивната најголема грижа е партнерката да се почувствува дека до неа лежи квалитетен љубовник.
Совет: Бидејќи не е толку флексибилен како порано, потребно е да се адаптирате на неговите можности. Ако во неговите дваесетти важно беше да ја ограничите предиграта за да ја одложите ејакулацијата, во четвртата декада ситуацијата е обратна.
.gif)






















.gif)























