
Не ви се верува, сте го одминале затоа што воопшто не изгледа така како на фотографиите што ви ги праќаше по Skype.
Не сакаме да звучиме како вашите мајки и да ви кажуваме како не треба да разговарате со непознати, но се надеваме дека знаете колку е ризично да излезете со момче што сте го запознале на Facebook. Ќе речете „Па, имаме многу заеднички пријатели“, што не смее да биде оправдување, но, ете, донекаде ја ублажува сериозноста на ситуацијата.
И се договоривте да се видите на вечера, затоа што долгите разговори во ноќните часови само ви создадоа поголема желба да го почувствувате поблиску до себе. Седнавте во ресторанот во кој бевте договорени да се сретнете, кога одеднаш некој ве допре по рамото: „Зарем е возможно, па јас цело време седам две маси зад тебе...“. Не ви се верува, сте го одминале затоа што воопшто не изгледа така како на фотографиите што ви ги праќаше по Skype. Па добро, и не е така страшно. Со оглед на тоа какви се манијаци шетаат по улиците, поважно е да е добар отколку убав. Разговорот почна фино и културно, а во неговите очи лесно можевте да забележите искра што ви вели дека му се допаѓате. Но, не можевте а да не забележите дека постојано зборува за некоја Марија. А тогаш ја видовте и сликата на позадина во неговиот мобилен. Па тој има девојка! Не, не... не е време за прерани заклучоци. Му давате време да покаже дека дури и да има девојка, подготвен е да ја остави поради вас затоа што во последно време не е среќен со неа. Чашка по чашка, коњак по коњак, тој почна да се отвора и да ја раскажува својата животна приказна. Пред да успеете да ја процесирате информацијата дека ја побарал за жена девојката во која ви призна дека не е заљубен, пред себе имавте сосема друга личност од онаа што пред три часа ве поздрави и седна спроти вас. Тој почна да наликува на жена во ПМС; почна да плаче и да удира по масата, истовремено порачувајќи уште една тура. Зарем можно е да биде полошо од ова?
Секако дека да, ако се сожалите да го превезете до дома, а таму да ве пречека неговата свршеница на која ќе треба да и објасните која сте и што правите со него.
Секако, ова сценарио нема да ви се случи со секој што ќе го запознаете на Facebook. Но, треба да внимавате и да не очекувате премногу, затоа што секогаш постои шанса од 50% дека ќе се разочарате. Можеби визуелно изгледате како совршен пар, но никогаш не може да знаете што се крие зад неговиот профил.
Сте се разочарале ли вие од некое момче што сте го запознале преку Facebook? Пишете ни во коментарите...
.gif)






















.gif)























