
Прво, ќе кажете не барам убав по општи стандарди, правила и прописи, туку барате дечко кој ќе има нешто што ве привлекува вас.
Ех, колку пати само во ноќите сте се запрашале како да го пронајдете својот маж од соништата. Каде да го најдете тоа симпатично суштество кое ќе ве сака, но и ќе има свој живот со цели и замисли во него, а вам ќе ви подари среќна бајка.
Ќе си речете не барам многу, но барате од се по малку, а тоа денес е навистина тешко да се пронајде. Еднаш ќе наидете на убавец кој нема да ве сака доволно, потоа на добричина кој нема свој живот и пријатели, потоа на добар симпатичен дечко кој нема ниту образование, ниту работа и се така до недостижниот врв на Геопсовата пирамида каде ќе најдете сплотеност од сите овие карактеристики.
- Прво, ќе кажете не барам убав по општи стандарди, правила и прописи, туку барате дечко кој ќе има нешто што ве привлекува вас, дали полни усни, дали убави очи или пак црна коса. Паѓате на овие работи, но сте скромна и не го барате сето тоа наеднаш, една од овие карактеристики може целосно да ве заведе.
Да, може ќе пронајдете таков, но нему сигурно ќе му недостига нешто од следните карактеристики.
- Сакате да е добар, културен и внимателен. Зар грев е ако барате да ве почитуваат и да не ве мамат? Партнер кој на доброто возвраќа со добро, а знае и да одвои 5 минути од своето време за вашите роднини и пријатели и да направи фин разговор со нив.
- Не сте во потрага по Ајнштајн, но сакате дечко кој е доволно паметен да ги разбере вашите шеги или пак да може со вас да направи конструктивен разговор на секоја тема. Не е грев ако еднаш во месецот гледа вести или чита дневен печат или се интересира за последните политички збиднувања.
- Критериумот не ви е доктор на науки, но сепак посакувате партнер кој ќе има диплома исто како и вие. Но ова воопшто не е морално, вие би биле комплетно среќни и ако тој има завршено само средно образование, но е доволно амбициозен во животот и посветен на работата која ја работи, без разлика каква е.
- Не ви е критериум да е богат, но сепак не сакате да сте одгледувач на машка спонзоруша и сметката по секое испиено кафе да заврши во вашиот џеб. Навистина е невкусно некој да живее на товар на вашиот грб, а особено тоа да си го дозволи маж кој треба да биде глава на вашето идно семејство.
- Вие сте дружељубива девојка која не сака до себе да има „дедо“ во кожа на младич кој нема пријатели, не сака да излегува и да доаѓа во било каков допир со цивилизацијата. Да пиете кафиња сами заедно до крајот на животот и не беше баш вашата животна визија.
Девојки, наместете ги овие карактеристики со редните бројчиња според вашата листа на приоритети и дополнете некој нов ако имате.
.gif)






















.gif)























