
Колку ќе се трупа овој куп и кога ќе го допре плафонот никој не знае, но вие сами за себе знаете дека имате црвена граница.
Се скаравте со вашиот партнер и повторно бевте оставена да се карате сама со себе? Тој само навидум ве слушаше со рамнодушна фаца на лицето. Ниту се обиде да објасни и да го реши проблемот, ниту прифати дека згрешил, ниту пак се обидуваше да ве расположи и да ве смири. После 10 минутен монолог се предадовте и вие, а овој проблем остана во купот нерешени несогласувања во вашата врска.
Сомнително трпение
Колку ќе се трупа овој куп и кога ќе го допре плафонот никој не знае, но вие сами за себе знаете дека имате црвена граница после која работите никогаш нема да бидат исти како некогаш.
Вашето трпение почна да станува сомнително, а и знаете како велат „плаши се од бесот на најстрпливиот човек“.
Верува во виша сила
Партнерот и понатаму изолиран од секоја ваква дискусија верува дека се е запишано како треба да биде, се ќе дојде само од себе, а вие ако го сакате ќе го прифатите целосно таков каков што е со сите маани и доблести. Но до каде со ова негово верување во нереална утопија е само прашање на време кога вашата врска ќе пукне од неговиот кукавички однос и константно бегање од секој проблем во врската.
Тој верува дека со неговото игнорирање на вашите „испади на паника“ прави добро за врската. Верува дека на тој начин ве штити двајцата од непотребна дискусија и штеди залудно изгубено време. Знае дека после половина час или следниот ден, без разлика, вие ќе се смирите, но не знае дека тој проблем натежнал на вашата врска и иритирачката ситуација ќе се повтори во најскоро можно време.
Подобро спречи отколку лечи!
Дали тоа им е во гените на мажите или едноставно така им одговара не знаеме? Но сигурно и они не посакуваат наместо пола часовен разговор денес за новиот проблем, да изгубат после тоа недела дена во лутина и средување на работите.
Секогаш е подобро да се спречи отколку да се лечи!
Комуникацијата е столбот на една здрава врска, и само со ислушување на партнерот и заедничко решавање на проблемите можете да имате среќна и долга љубов.
.gif)






















.gif)























