
Текот на настаните и сигурноста која ја чувствувавте кога бевте во негова близина ви даде храброст целосно да се предадете.
Беше тоа одамна, бевте млади со наивен ум и чисто срце... Немавте други обврски освен учењето и љубовта. Беше тоа време кога се беше порозово од денес, време за кое не бевте свесни дека е еден од најубавите периоди во вашиот живот.
Прва љубов, прв секс
И токму тогаш се појави тој! Тој беше поинаков од другите ваши врсници, ви го посветуваше сето свое внимание, а вие за прв пат почувствувавте како изгледа третман на една кралица опсипана со внимание, детали и позитивна енергија. Вашето срце започна да бие со еден поинаков ритам, а вие уживавте на облачињата со вашата прва силна вистинска љубов.
Текот на настаните и сигурноста која ја чувствувавте кога бевте во негова близина ви даде храброст целосно да се предадете во неговите прегратки. За прв пат ја почувствувате страста на физичката љубов и го доживеавте вашето прво сексуално искуство.
Слатка болка
Повеќето од вас можеби ќе го опишат како непријатно, па дури и болно, но сите знаете како тоа стануваше се подобро и подобро од ден на ден. Набргу потоа почнавте да се опуштате, а тој ви ја откриваше убавината на овој чин. После секој оргазам и убаво помината ноќ вие се чувствувавте зашеметени, а најубавото од се беше фактот што сето ова беше залеано со обострана љубов.
Адреналинот што го правевте ова „недозволено“ дело ви го правеше животот поинтересен, уживавте во хормоните кои ве опиваа, а овој злочин ви беше нешто ново и единствено. Различните места за секс, креативните пози и постојаното учење нови работи ви беа секојдневие.
И можеби животот ве раздели, можеби времето го кажа своето или пак сфативте дека не сте еден за друг на долги патеки, сепак тој е вашиот сладок „грев“ од младоста и еден од најубавите спомени кои со задоволство го носите во срцето.
Некои девојки кои ја немаа вашата среќа првото сексуално искуство им е црна дамка во животот, но вие до ден денес сте благодарни за оваа среќа и тој прекрасен човек кој ве воведе во тајните на сексуалните игри.
.gif)






















.gif)























