
Eдинствениот кој може да го извлече најлошото, но и најдоброто од вас.
Се сеќавате на денот кога го гледавте филмот „The Notebook“ како вчера да беше. И вие љубевте и плачевте заедно со главните ликови, а моќната приказна ве направи бессони во следните три ноќи.
Искрата на вистинската љубов доловена на единствен начин и приказната за тие двајца ви даде повод да сонувате за една ваква љубов.
Но сепак се плашите да се надевате!
А зошто да не поверувате дека ќе се случи? Игрите на судбината се непредвидливи.
Само треба да го ослободите срцето од стегите, да го контролирате диктатот на умот и да уживате во прегратката на тој најнесоодветниот, но сепак единствениот кој може да го извлече најлошото, но и најдоброто од вас.

И тие не се согласуваа многу, всушност, тие ретко се согласуваа за нешто, се караа цело време и се предизвикуваа секој ден, но и покрај нивните разлики тие имаа една важна заедничка работа - беа луди еден за друг!
„Нема да биде лесно, ќе биде навистина тешко и ќе мора да работиме на ова секој ден, но сакам да го сторам тоа... затоа што те сакам. Сакам се од тебе...Засекогаш! Ти и јас секој ден.
Ти си мојата причина, мојата надеж, мојот сон што отсекогаш сум го имала и без разлика што ќе ни се случи во иднина, секој ден што го поминавме заедно беше најубавиот ден од мојот живот.“

Само кога интензитетот на вашите чувства ќе биде доволно голем да жртвувате некои материјални добра во вашиот живот или дури и да прегазите неколку свои принципи само тогаш сте ја пронашле вистинската љубов.
Против неа не може ништо, немоќни се најпознатите кралеви, а беспомошни се и најголемите војски.

Затоа кога ќе се судрите со оваа бура на емоции и страв од нерационалност не размислувајте на стравот и што сте погрешиле, само длабоко нурнете се во океанот чувства и уживајте во единствената прилика, која не секој ја добива во својот живот. Милувајте го до крајот на животот и против волјата на сите, ако е потребно.
Тој кој што ве научи како да грабате од животот и кој му донесе нов сјај на утринското сонце заслужува да бидете негова.
.gif)






















.gif)























