
Вие пак како за инает, од ден на ден се повеќе му замерувавте за флегматичноста или за неамбициозноста или за недружељубивоста.
Сигурно и вие сте имале некоја таква врска, во која некому сте биле се, а тој само случаен минувач низ вашиот живот.
Бевте со него затоа што бевте млади и баравте само авантура, затоа што сите пријателки имаа дечковци и ви беше досадно или едноставно затоа што беше добар и се надевавте дека ќе го засакате.
Момче за пример
Тој беше фино и културно воспитано момче, не изгледаше воопшто лошо и имаше навистина добра душа, а најважно од се, за вас срце даваше.
Ве запозна со родителите, ги исполнуваше сите ваши желби и ги прифаќаше сите ваши забелешки.
Вашите каприци
Вие пак како за инает, од ден на ден се повеќе му замерувавте за флегматичноста или за неамбициозноста или за недружељубивоста или за било што што можевте да измислите, а всушност си замерувавте на сами себе како не можете да се заљубите во ова злато од дете.
Кога ќе посакавте излегувавте сами, па понекогаш можеби и го изневерувавте, не затоа што така функционирате обично, туку затоа што со него не ве врзуваше некој голема хемија. Кога ви беше досадно бевте со него и ги пополнувавте монотоните денови.
Сите ваши пријателки го сакаа и ви говореа како сте бесчувствителна и сурова кон него.
Крајот се гледаше
Бевте уште некое време заедно, но решивте да му ги прекинете овие смртни маки и да ставите крај на оваа еднострана љубов. Но тој и покрај се и покрај сета болка што му ја нанесувавте во текот на врската, ве сакаше како првиот ден и од се срце ве преколнуваше да останете заедно.
Можеби себе се обвинувате долго потоа, зошто токму него му го сторивте ова, но престанете со тоа. Помирете се дека пробавте да се заљубите, но љубовта не доаѓа од умот, доаѓа од срцето, а хемијата е спонтана како гром од ведро небо.
Тој, доброто убаво момче, сигурно ќе најде девојка, која ќе го сака така силно, така искрено како тој некогаш вас.
.gif)






















.gif)























