
Ако се двоумите, ова е одличен начин да дознаете некои работи за вашиот партнер и неговите дилеми околу сексот.
Мажите обожаваат порно
Можеби ќе ви се допадне можеби и не, но повеќето мажи се фасцинирани од порно филмовите. Според научниците, мажите многу полесно се стимулираат од жените бидејќи имаат одлична корист од добрата визуелизација во нивните мозоци за време на сексот. Тоа не значи дека тој не сака да биде гол, кожа до кожа со вас, но порното е многу поделотворно и брзо. Тоа дава разновидност и брза возбуда, но секако во никој случај не е замена за вас.
Сака вие да иницирате секс
Повеќето мажи ќе се согласат со ова. Извештајот од Kinsley Institute покажа дека 80 проценти од мажите се задоволни кога партнерката ќе преземе иницијатива, младите пообразовани мажи се оние кои го сакаат ова најмногу. Со иницирањето секс правите да се чувствува посакуван.
Тој зборува со неговите пријатели за интимата
Со сите тие форуми за отворени разговори за секс и искуства, се поприфатливо стана тој да разговара со своите пријатели за својата интима. За некои можеби ова се уште не е вообичаено, но добар дел од мажите разговараат за својот сексуален живот и разменуваат совети и тактики. Дали треба да ви пречи тоа? Не, на тоа треба да гледате како тој со размената на искуства со своите пријатели е чекор напред во запознавањето на сам себе и вашите сексуалните фантазии.
Мажите се нервираат околу сексот
Околу 50 проценти од мажите се трудат да смислат концепт за секс. Порно филмовите направија голема штета, не само за женскиот физички идеал, туку и за реалните очекувања за перформансите. Премногу дивиот секс може да му донесе пребрза ејакулација и тој да биде разочаран од лошата изведба, затоа вие мора да го охрабрите.
Тој знае што сака, но тоа не значи дека не треба да експериментирате
Мажите мастурбираат многу повеќе отколку жените, 2 или 3 пати на ден не е необично. Можеби токму затоа тие се навикнуваат на старите и испробани методи.
Тие знаат како сакаат да бидат допрени, но само затоа што е функционално, не значи дека е секогаш најдобро. Затоа не претпоставувајте која е неговата техника таму долу и пробајте неколку нови трикови, тие ќе бидат воодушевени.
.gif)






















.gif)























