42-19799179Што сѐ мажите прават за жените?
Облекувањето по ваша мера, се само дел од машките лудости во име на љубовта.
se_smeat_za_nestoЛаже ли за бројот на сексуални партнерки?
Мажите треба да имаат 2-4 пати повеќе сексуални партнери од жените. Дали е тоа вистина?
llklВие негова, тој нејзин!
Таа е добра за него, но вие ќе бидете совршена за некој нареден!
sexВистината за вашите пропуштени оргазми
86% од жените редовно глумат оргазам.

Ти или тој? Хемија v.s. сигурност?

tri1

Никогаш не правете ја грешката на многу девојки, кога ќе се одлучите за едниот другиот да заврши фрлен на буниште.

Крстосниците се нормална појава на секој пат, па така и вашиот животен пат, исполнет со нагорнини и падови, често ве носи до крстосница. Да го одберете вистинскиот пат, да ја донесете одлуката, за која утре нема да се покаете, е навистина тешко. Па така и кога во вашиот живот ќе се појават двајца мажи, секој од нив единствен и квалитетен на свој начин, вие мора да одберете.

Притисок да одберете

Во тие мигови ве притиска времето, ве притискаат моралните норми да не бидете со повеќе од еден маж, но и човечноста, сурово да не повредите невино срце, чиј единствен грев е љубовта кон вас.

Хемија v.s. сигурност?

Едниот ви прави пеперутки во стомакот секогаш кога е покрај вас, чудна енергија и адреналин чувствувате во секој миг поминат со него. Страста е неизбежен дел од вашето заедничко дружење, а желбата да ги направите најлудите работи во животот е заедничка за двајцата.

Другиот е прекрасен маж кој ви дава чувство на сигурност, без малку ги исполнува сите критериуми од ваша листа, сигурна сте дека тој би бил верен, посветен и пожртвуван партнер.

Едниот нуди адреналин и забава, другиот искуство и мудрост. Едниот – страст до плафонот, другиот – искрена љубов. Едниот – незаборавни мигови и другиот – незаборавни мигови.

Што да сторите сега?

Најлошиот можен избор е да се исплашите од ситуацијата и да се повлечете, а нив да ги оставите во исчекување.

Појдете на кафе и разговор прво со едниот, па со другиот. Со скокотливи прашања потрудете се да откриете што се крие под површината. Поставете си ги своите приоритети. Убаво размислете каков тип на девојка сте и со што и колку би можеле да се задоволите. Не лажете се дека со време ќе дојде и другото што недостига, можеби да, но можеби и никогаш, затоа фатете се за тоа што веќе го поседуваат и ослободете се од одговорноста да бидете нечија воспитувачка.

Бидете човечни до крај!

Никогаш не правете ја грешката на многу девојки, кога ќе се одлучите за едниот другиот да заврши фрлен на буниште.

Не заслужил тој да не му кренете телефон кога ѕвони упорно или да не му посветите два часа и со кафе и разговор и отворено да  му кажете дека е прекрасен човек, но вие веќе го пронајдовте тоа што ви е потребно во друг маж.

Зошто да мисли на вас и залудно да се надева, кога после искрен разговор може целосно да се насочи кон друга девојка, а за вас цел живот да има позитивно мислење? Можеби во моментот ќе биде лут, но секогаш ќе ве цени и ако еден ден посакате да се предадете во неговите прегратки ќе имате многу поголеми шанси, отколку само да го избришевте од вашиот животен распоред без никакво објаснување дадено нему.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?