
Oваа улога на алфа мажјак кој треба да поттурнува, да го учи и да му даде острина во животот полека ви здосадува.
Вие сте главниот двигател на врската, на настаните на животните авантури. Ако оставите на него тој години и години би тапкал во место и би создал сигурно гнезденце од чија топлина никогаш не би заминал без вашата потпора и мотивација.
Човек со добро срце
Прекрасен и човечен маж е вашиот партнер, толку добар што многумина би го нарекле наивен. Секогаш да помогне, секому во секое време од денот и ноќта, тоа го прави ангел со скинати крилја, ангел затоа што на неговата добрина многумина би позавиделе, но со скинати крилја затоа што никогаш нема да летне доволно високо и да ужива во се што заслужил.
Врз него секогаш ќе бидат оковите од ненаситните души како неговите роднини и пријатели кои не знаат за доста, а неговата добрина ја цицаат како вампирот – крвта. Секогаш нешто им недостига, секогаш се во најлошата можна ситуација, а тој, вашиот добричина, иако е 10 пати позаглавен од нив, во секое време ќе им помогне со пари, со време, со труд, со се што ќе биде побарано.
Земен рај
Да, браво за него, тој ќе оди во рајот. Но дали има рај? Или мораме овој краток земен живот да си го направиме рај, да уживаме во благодатите на 80-те (дали и толку) од Бога подарени години, на мигови да бидеме себични и да грабаме, бидејќи ретко кој од другите прашува за дозвола.
Да се биде добар со луѓето е важно, но да се биде добар пред се кон себе е уште поважно, бидејќи се почнува од внатре, од психичкото, а себе давањето и надградувањето се единствен пат до среќна, исполнета и успешна личност.
Несебично ја трошите својата енергија на него
Тоа му го говорите со последните сили, ја исцедивте сета своја енергија да му објасните дека утре никој нема да му каже „благодарам“, а вака во животот никогаш нема да напредува. Таквите добричини секогаш има некој кој безмилосно ги гази, дома, на работното место, секогаш и секаде.
Амбициозноста и острината во животот е она што ни е неопходно за да се избориме во ова тешко време, кога конкуренцијата е немилосрдна. Задоволувањето на потребите на другите и постојаното негово одложување да започне вистински да живее, да ужива во миговите со вас не сметајќи за обврска да го чува детето од тетка му и повторно да го жртвува годинешниот одмор или парите повторно да ги позајми на пријателот кој е во навистина „тешка“ ситуација, а вчера го видовте како го крстосува градот со најнов модел на мотор, а вашиот великодушен партнер повторно се вози во приватна 22-ка.
Кога тој ќе биде среќен?
Неговиот живот одминува во одлагања, никако да преземе иницијатива и да ги постави работите во правилен ред, да се постави како маж кој ако помогне еден ден би сакал да добие нешто за возврат, а не да го одложува, константно, своето време за живот и среќа.
Животот е еден, шансата е една, годините летаат, а од тие 80 останаа и 55 и 45 и секој ден се помалку, вие сте свесни за тоа, а оваа улога на алфа мажјак кој треба да поттурнува, да го учи и да му даде острина во животот полека ви здосадува, па на моменти и ќе помислите да се откажете. Зар не сфаќа дека луѓето не се лебеди, ајкули се?!
И вашиот животен век не е вечен, дали вреди жртвата? Се уште ве разјадуваат сомнежи.... Сторивте се што можевте, сега на него е ред, а шансата е само една, една и единствена, еден живот, една можност за среќа.
.gif)






















.gif)























