
Но петте години разлика меѓу вас прават никогаш да не го погледнете на поинаков начин освен како мало дете.
Ете го малото момче од соседството, на кое до вчера му го бришевте носот, поминува покрај вас и води рака под рака ваша врсничка. Изненадувањето не може да биде поголемо.
Во вашите очи тој е се уште малото братче на вашата најдобра пријателка, кое страшно ве иритираше кога се мешаше во секој ваш разговор, а сочните детали како по автоматизам ги пренесуваше на нивните родители. Го бркавте од собата тоа ситно детенце, кое дури по денешната случајна средба сфативте дека се претворил во навистина привлечен маж.
Пајчето се претвори во лебед
И гледате маж од 180 сантиметри, со црна коса, бадемасти закосени очи, тело како извајано, стомачни мускули како нацртани коцки и се чудите како до сега не ја забележавте оваа трансформација од мало пајче во вистински лебед.
Но петте години разлика меѓу вас прават никогаш да не го погледнете на поинаков начин освен како мало дете. Се прашувате дали ова го чувствувате само затоа што тој е брат на вашата пријателка и го паметите уште како бебе? Дали да беше тотален странец на улица ќе ја свртевте главата по него?
Станаа магични преку ноќ
И додека вие се уште пловите во дилемата дали би се загледале во толку помлад маж, ваши врснички, па и постари девојки уживаат во неговата прегратка.
Која е таа магија на младите момци што ги зашеметува постарите жени по само еден поглед, бакнеж или допир?
Оние кои до вчера како луди ги лажевте, денес можат така добро да ви го обземат умот.
Што добивате, што губите?
Желбата за адреналин повеќе од сигурно е дека ќе ви биде задоволена, со самиот факт што тој е забрането овошје за вас. Ќе уживате во глетката и во допирот на нежната младешка кожа и стегнатите мускулчиња на секој дел од телото, но дали е тоа она што ви е потребно? Кој разговор, кој интерес би можеле да го споделите вие со нив?
Тие се доста напредни во денешно време, кога сексот не им е табу тема уште при крајот на основното училиште, имаат доволно искуство, некои од нив дури и повеќе од вашите врсници, можеби токму со нив ќе доживеете ултимативно задоволство. Но што потоа? Што ве поврзува со ова момче на кое се што му се врти во главата се компјутери, фудбал, автомобили и цртките покрај креветот? Нели мажите се заљубуваат гледајќи, а жените слушајќи?
Краткотрајната авантура со некој помлад маж може ќе го зачини вашиот живот, но сигурно не сте толку површни да се задоволите со слика во рамка, еден оргазам и никаква иднина со него.
.gif)






















.gif)























