vseli2Дали да живеете со вашето момче?
 Запомнете, живеењето со вас можеби не е секогаш лесно како прошетка до парк и за него.
maz_flertuva_na_igralisteКако мажите освојуваат незаинтересирана девојка
Велевте дека нема шанси кај вас за на крај да го молите за состанок. Која е нивната тактика?
se_prasuvaЗошто се однесува така?
И со денови да размислувате, за некои прашања нема да најдете одговор.
so_notes_pravi_shhКои се тајните на вашиот партнер?
Кои работи едноставно не сакаат да ги споделат со вас и сакаат да останат приватни?

Момчето со сонце во очите

sonce2_copy_copy

Нејзиното постоење беше неговата среќа, а таа му беше неговата најубава кога на себе немаше ниту грам шминка, а косата и беше несредена, како станата од спиење.

Само кога ќе ја погледнеше од неговите очи како сонце да сјаеше. Се што сакаше тој беше таа да биде покрај него секој ден до крајот на животот. Ретко кој маж знае да сака така, да дари љубов, внимание и романтика несебично на својата муза.

Една и единствена

Интересно беше што додека се движеа заедно тој ниту еден единствен пат не се сврте по друга девојка. И не затоа што таа го бараше тоа од него или затоа што го сметаше тоа за културно, едноставно за него како да не постоеше друга, немаше од неа ни поубава, ни позаводлива. Нејзиното постоење беше неговата среќа, а таа му беше неговата најубава кога на себе немаше ниту грам шминка, а косата и беше несредена, како станата од спиење. Ја сакаше во секое издание, а со неа имаше желба да го помине секој миг од денот.

Несебични жртви

И тогаш кога ќе немаше пари за такси, без ниту една забелешка ќе поминеше пешки 5 километри до нејзиниот дом за да ужива во нејзината прегратка.

За неа одбра повод и го стори најромантичното нешто, можеби не верувате, но вистина е, тој и напиша љубовно писмо, во него ја воскресна сета романтика на минатите времиња. Не на тастатура и го напиша со пенкало и одбра плико на кое ја имаше најубавата бела роза, затоа што тоа беше нејзиниот омилен цвет.

На тоа парче бела хартија ја преточи сета своја љубов кон неа, ја врати на спомени и детали за кои таа не ни сонуваше дека се се уште во неговата меморија. И купи есенцијално масло со најнежниот мирис на јасмин, свеќички и и ја подготви најубавата вечера. Немаше некои кулинарски способности, но љубовта вложена и снаодливоста го направија овој оброк незаборавен.

Ја држеше за рака, а сета романтика направи тие да треперат како првиот ден од нивната љубов.

Секојдневни мали задоволства

Масажите после напорниот работен ден и ги даруваше несебично, за кои другите мажи треба да ги молите и убедувате.

Тој работеше работа која не ја сакаше само за да обезбеди услови да биде покрај неа, а секоја нејзина желба беше негова цел.

Кратките пораки само со еден бакнеж или содржина „те сакам“ пристигнуваа во најнеочекуваните моменти, а од нејзиното лице мамеа насмевка на блаженство. Беше далеку од другите мажи, кои поради многубројните обврски немаат ниту миг во денот за да и се јават на својата девојка, да и посветат внимание или да поминат неколку часа со неа.

Имаше тој многу работи, но сепак не останаа заедно.

Можеби таа беше премногу груба за сите овие нежности или причината беше нешто сосема друго, но таму некаде сигурно има дузина девојки кои коси би кубеле за да се будат покрај овој маж до крајот на животот.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?