
Кога завршениот факултет стана услов за љубов? Зар ова не ви звучи очајно речиси онолку колку и изјавата на мисиците: Мојот животен стремеж е мир во светот?
Во виорот на многуте сменети партнери, виулицата случајни минувачи низ вашиот живот енергично талкавте досега. Но што сега после толку разочарувања, пропаднати врски и неисполнети ветувања? Што сега кога станавте изморена дама која ја ситни третата или четвртата декада од животот, а од посакуваниот принц ни тропот на вратата, ни ехо од чевлите?
Нашите баби безусловно љубеа
Порано стројници ќе го пронајдеа животниот партнер на нашите баби, а тие безусловно ќе го љубеа цел живот, златната свадба беше неминовен дел од нивното заедничко постоење, а помалку од 3 дечиња беше реткост. На софрата месено лепче покрај разгореното огниште со салата и внимание за домаќинот, кој цел ден го поминал работејќи на поле. Телевизорите и комјутерите не постоеја како распарувачи на семејната хармонија, а заедничките приквечерини под отсјајот на месечината беа без малку секојдневие.
Вашите баби и прабаби безусловно го љубеа својот сопруг, но дали денес знаеме безусловно да љубиме? Или пак љубовта комплетно ја девалвиравме и ја сведовме на листа на критериуми?
Мислењето на другите пресудно
Пред да се фрлиме во неговата прегратка, иако го губиме здивот кога сме покрај него, а устата ни се суши пред неговата фатална привлечност, секогаш ви светнува црвената сијаличка. Дали тој е добра слика за пред вашите родители, дали вашите пријателки ќе ви кажат „браво“ за вашиот избор, дали колешките од работа ќе ви позавидат на вашиот плен?
Негативните коментари на околината за изборот на партнер како меур од сапуница ја решетаат вашата среќа и љубов. Па нели таа беше највозвишена, најсилна, непобедлива?
Кога ја убивме романтиката и кога мислењето на старата сосетка со голем црвен кок, која цел живот го помина работејќи забавувачка на возачите во македонска железница, стана пресуден фактор за изборот на вашиот животен пат?
Деструктивна листа на критериуми
И на страна ова, да не префрламе секогаш на другите. Отворете ја фиоката од вашето биро или ум, сеедно, и пронајдете ја вашата листа со критериуми, кои треба тој да ги задоволува за да биде ваш партнер.
Образование, физички изглед, работа, финансиска ситуација и недогледен број работи, кои дури и да се во најдобар ред не раѓаат љубов.
Кога завршениот факултет стана услов за љубов? Зар ова не ви звучи очајно речиси онолку колку и изјавата на мисиците: Мојот животен стремеж е мир во светот?
Порано знаевме да трепериме нежни како срни во нивните прегратки, а денес 80 проценти од денот ни се сведува на жалби и поплаки од нивната неамбициозност и недостиг од животна искра и амбиција. Дали започнавме премногу да бараме, а листата на критериуми е нашата конечна пресуда за живот без љубов?
И запомнете до крајот на вашиот живот ќе се будите сами, само затоа што паднавте под влијание на комшиката со црвен кок или на вашите родители.
Никој нема да ви прави друштво кога ќе има силна грмотевица или утрото после земјотресот или да ве прегрне кога ќе се разбудите сред ноќ од страшниот кошмар. Ќе останете само вие, телевизорот и вашите преголеми барања.
.gif)






















.gif)























