
Последното сонце се капе во нивната црвена боја, а тивкото ветре дава свежина на овој јулски ден.
Недогледно поле на растреперени булки... Последното сонце се капе во нивната црвена боја, а тивкото ветре дава свежина на овој јулски ден. Мистичната ливада во близината на Скопје (месноста Бел Камен во близина на населбата Радишани) беше местото на нивните љубовни игри.
Ретро џубокс
Таа во своето лелеаво бело фустанче, кое и ги откриваше слабите ножиња, трчкаше наоколу, а младешкиот лик и го даваше насмевката која не се тргаше од нејзиното лице. Пееше на сет глас, иако немаше ниту дарба, ниту ритмичност, ниту слух, а тој оддалеку беше нејзин верен придружник. Од нивниот џубокс излегуваа најневеројатните, најретро песните на сите времиња, но важно беше дека двајцата ги знаеја од збор до збор.
Палави игри
Игрите беа следни на нивното мени. Изборот падна на криенка, па таа го доби редот да се крие прва. Истрча во највисоките треви и легна таму безгрижно.
И тогаш во квечерината на тој јулски ден погледна кон пламеното небо, на кое како ангел и ѓавол се бореа денот и ноќта, и потона во боите. Мислите одлутаа, а таа за миг беше на седмото небо.
Со неверување размислуваше за својата среќа, сакаше да направи фотографија од овој миг и засекогаш да ја зачува во срцето и умот, и да ја извади од ова скриено катче секој пат кога животот ќе и ги наполнеше очите со солзи или душата со болка. Тогаш за прв пат не се прашуваше што е среќа, туку уживаше во мигот и беше благодарна што небото и го прати ова момче.
Важно е само овде и сега
Не ја интересираше смислата на животот, ниту дали ќе ја осамне наредното утро, се што сакаше беше овде и сега. И тогаш врз себе го почувствува неговото вжештено тело и забрзан пулс, после пречекорувањето на целото поле конечно ја пронајде љубената и легна до неа. Се прегрнаа така силно, така искрено што и булките им завидуваа на нивната разменета енергија. Во бакнежите имаше трепет, а во прегратките копнеж еден за друг.
Единствен мотив - љубовта
Немаа публика пред која би глумеле навидум совршен пар, немаа пари кои би ги привлекле, ниту финансиски ситуирана иднина, немаа било каква друга причина која би ги привлекла еден кон друг, а сепак живееја само за да бидат заедно.
Полето булки им беше најубавото место за совршен состанок, затоа што знаеја дека лажниот сјај на скапите ресторани, на далечните туристички дестинации и на раскошните хотелски апартмани може да им ги наполни само очите, но не и срцето. А љубовта која ја носеа во срцата еден за друг беше бесценета.
.gif)






















.gif)























