bre_ne_znamГрубо се однесува...не ме сака!
Кога однесувањето не е вистински показател за реалните чувства!?
se_guskaat_vo_krevetГрешките на мажите во сексот!
Сите понекогаш грешиме, но која е грешката на мажите во сексуалните игри?
begg_forДали заслужува втора шанса?
5 прашања што ќе ви помогнат да излезете од недоумицата!
na_vecera_se_smejat_za_nesoПрашања на првиот состанок
Кои прашања треба да очекувате да ви ги постави потенцијалниот партнер?

Еднаш женкар, секогаш женкар

zenkar5

По игра на случајности се открија скриените карти, се открија црвените траги од кармин по неговиот врат и мирисот на друга жена во неговиот кревет.

Познат по градот со насмевка од милион долари и коса нежна како кадифе. Не сме површни, но на божествена убавина паѓаат и најсилните.

Во комбинација со уште неколку досетки и несекојдневни филозофии за животот овој маж беше сон на речиси секоја жена. Можеби не би го посакале до себе за цел живот, но една ноќ со неговите бакнежи на вашиот врат ќе ви изгледа како совршено сценарио во тој миг.

Конечно се вети!

И така стотици девојки го почувствуваа вкусот на тие усни, а тој се будеше покрај русокоси, црвенокоси, бринети, но едно утро виде локни кои го заробија.

Не се предаде лесно, но после 6 месеци повремено гледање, се вети на врска и моногамност. Тој ја почувствува оваа девојка во срцето така топло, што во него се разбуди сета романтика на овој свет. Секоја љубовна песна и ја посветуваше неа, ја чуваше како разлутен пес од сите машки погледи, а часовите од денот без неа му беа досадно поминато време.

Разочара!

Токму кога сите помислија дека женкарот го најде својот дом, историјата се повтори! По игра на случајности се открија скриените карти, се открија црвените траги од кармин по неговиот врат и мирисот на друга жена во неговиот кревет, а ниту една очајна изјава не можеше да ги побие доказите. Ја разочара љубената, се разочара себе си...

Ја прокоцка секоја шанса!

Но љубовта е и слепа и болна, па така тој доби втора шанса. Златестите локни и љубовната пајажина на оваа жена повторно не беа доволно силни за тој да не потклекне пред раширените нозе на русокосата надарена сосетка. Што размислуваше кога ја изневери?

И тогаш ја изгуби засекогаш! Се што правеше од тој ден па месеци потоа, еве и денес го прави истото се залудни обиди да го поправи скршеното. Но тој сам си дозволи 2 пати да го скрши огледалото, 14 години несреќа се на неговиот животен пат. Можеби не буквално, но ако оваа жена беше неговиот поим за среќа, како што велеше тој, тогаш му следи период на празнина и лузна на срцето.

И зошто сета таа парада на безусловна љубов, зошто сет тој театар за јавноста, зошто сите тие расплакани повици по нејзините пријателки, кога самиот ја донесе својата одлука. Ако неколку бурни ноќи се доволни да се ризикува 2 години љубов, тогаш да се запрашаме дали тој знае да љуби? Или пак мисли дека ја љуби затоа што само со неа е вистинскиот во својата кожа, а всушност е заљубен во самиот себе? Сета таа драма, а на крајот само една вистина – еднаш женкар, секогаш женкар!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?