
После неколку дена случајно гледате како на профилот на вашата блиска пријателка ете го повторно него со коментари и освојувачки линкови.
Сигурно и вие имате на вашиот Фејсбук профил некоја бројка од околу 200, па да речеме до кај 800 Фејсбук пријатели, а меѓу нив повеќе од сигурно е дека имате најмалку еден таков маж кој има 5.000 пријатели.
Фејсбук синџир
Го отворате неговиот профил, а тој ниту позната ѕвезда, ниту менаџер по градските локали, ниту извонредно убав и се прашувате како е возможно да има толку широк круг на познанства?
Ве заскокотка темата, но не се преокупирате со туѓите животни. Но после неколку дена не можевте, а да не се насмеете слатко кога во новости ви излезе дека тој станал пријател со речиси секоја ваша пријателка. Ах тоа била тајната на неговото Фејсбук пространство.
Стандарден пристап
За ситуацијата да биде уште посмешна, само неколку дена откако случајно ве изнасмеа до солзи, ете го тој, Фејсбук предаторот, настапува со неговиот добро извежбан говор. Прво ви фрли водичка со по некој лајк, потоа настапува со изјавите од типот „имаш прекрасни слики, многу си слатка, може да се запознаеме, здраво убава“ и редица други настапи или пак пософистицирано со дискретно боцкање, па со линк од песна, која знае дека ќе ве погоди според вашите постови на Фејсбук и слично. Тој ви пишува, а вие само од време навреме ќе возвратите само за да си измамите насмевка плус и да видите до каде ќе одат маживе.
Додворување
После неколку дена случајно гледате како на профилот на вашата блиска пријателка ете го повторно него со коментари и освојувачки линкови. Со неа разменувате неколку зборови на темата и за само неколку минути се смеете во солзи кога го слушате од точка до точка истиот разговор кој го правеше и со вас.
Ах кутрото момче ќе помислите, нема храброст да пристапи на девојка во дискотека или пак има толку сиромашен социјален живот што социјалните мрежи од овој тип се единствениот начин на кој тој освојува. Вие нормално ќе го игнорирате, како и десетици други, но од 5.000 пријателки тој сигурно договорил барем десетина состаноци.
Да, во виорот на луѓе тешко е да се пронајде сродната душа и можеби некои од најголемите романси почнале токму вака спонтано, но зарем не е подобар стариот проверен начин на додворување лице в лице? Ниту еден екран испишан со црни букви, нема да ја замени разменетата енергија во живо и спонтаните реакции и изразот на лицата.
.gif)






















.gif)























