
Играјте со отворени карти од денес и иако ви изгледа сурово, тој еден ден ќе ви биде благодарен за искреноста.
„Сакам да ти кажам оди си, некако со други зборови“ и иако Влатко Илиевски би продолжил во овој ритам, ние ќе подзапреме тука. Сетете се колку само пати досега сте го помислиле ова.
Навидум сурово искрена
На мигови дури и завидувате на вашата пријателка која ладнокрвно им кажува на момците „не сакам повеќе да се гледам со тебе“, „не ми се допаѓаш“, „љубовта престана“ и редица други изјави со кој за миг го пресекува патот на нападниот додворувач во диското или пак става крај на веќе монотоната врска.
Кажете „не“!
Вие не сте таков тип на девојка, секој пат чувствувате тежина на душата кога треба некому да кажете „не“ или да скршите нечие срце. Заобиколувањата, илјада и едно, ги практикувате во секоја ваква ситуација, но се што правите е одложување на неизбежното, сопствена тортура и негово залажување.
Крајот ќе биде тој, дали денес, дали после 2 месеци, зошто да си вршите себе измачување, а секоја ноќ да размислувате како најлесно да го откачите? А и нему само му давате лажна надеж и му го трошите времето. Кога ќе знае дека е официјално готово, полесно ќе продолжи со животот.
Најголемиот грев на жените!
Ситуација: Тој упорно ѕвони веќе по трети пат, а вие го исклучувате звукот на телефонот и мирно продолжувате да го гледате филмот. Трагично во сето ова е што размислувате дека сте добрата вила која не сака да го повреди со своето јасно „не“ за неговото додворување, а всушност правите нешто уште полошо. Тој не знае на што е, не ја знае причината зошто не му кревате на телефон и се нервира секој пат кога ќе го сврти вашиот број, но заинтересираноста за вас го тера на тоа.
Ако барем еднаш сте го направиле ова, време е да си ветите себе си дека нема повторно да нанесувате вакви ниски удари. Никој не заслужил да му го трошите времето и нервите. Кажете отворено што чувствувате или не чувствувате кон него и чисти пред себе и пред него продолжете понатаму.
Кукавичките изговори тргнете ги од своето мени и не потврдувајте ја старата добра изрека „Повеќе кукавици има меѓу луѓето, отколку меѓу птиците“.
Играјте со отворени карти од денес и иако ви изгледа сурово, тој еден ден ќе ви биде благодарен за искреноста. Не е грев ако немате чувства кон него, грев е ако не го сервирате тоа пред него и го оставите да живее во заблуда. Бидете искрена девојка, таквите злато вредат!
.gif)






















.gif)























