
Мажите се плашат од деловните успеси на жените.
Зарем, се почесто не ви се чини дека за да поседувате едно машко срце претходно треба да поминете одредени селекциони дисциплини.
Пред секоја жена се поставуваат низа критериуми за исполнување, за да биде посакувана од партнерот. Не станува збор за хранење на машкото его, ако помисливте на тоа. Станува збор за одредени поведенија кои се магнет за машкото присуство во вашиот живот. Но, ние ќе ја разгледаме спротивната ситуација, односно ќе ви помогнеме да откриете кои женски поведенија, ни под разно, не може да се вклопат во нивната слика за идеална партнерка.
Претставниците на посилниот, и за нас толку интересен пол, не би сакале да губат време и нерви со следниве профили на жени:
Материјалистка
Нормално е да ве интересира дебелината на паричникот на мажот со кој се стремите да градите заедничка иднина, но воопшто не е во ред тоа да биде темел на вашиот меѓусебен однос и главна тема на секој ваш разговор. Најлошо искуство за мажот е да се убеди дека сте со него само заради материјалните поволности, затоа тие штом ќе ја проценат таквата ситуација бегаат што подалеку.
Исто така, постојат големи шанси кај него да се појави комплексот на помала вредност, ако не успее да ги задоволи вашите бујни финансиски апетити, а кога ќе го сфати тоа засекогаш ќе ве заборави.
Мажите ги погодува фактот дека жените трчаат по пари, исто како што жените мразат мажи кои се со нив само заради секс.
Кариеристка
Далеку од тоа дека мажот не сака покрај себе да има успешна деловна жена, но тоа што нема да и преостане ни половина час во денот за да го посвети на саканиот е пресудно за да ве одбегнува.
Доколку сте приврзаничка на теоријата дека мажите се плашат од успесите на жените не сте далеку од вистината, тоа го потврдуваат голем број истражувања за машко-женските односи.
Спалната соба не е место за деловни проблеми и професионални дебати, затоа потрудете се нив да ги оставите таму каде им е местото, во канцеларијата, а на партнерот пружете му љубов и внимание. Пробајте да бидете успешна во кариерата, но и во љубовта.
Снежна кралица
Студените и не возвратени чувства ги плашат мажите. Можеби недостижноста е силен мотив за нив, но тоа важи за освојувачкиот стадиум. Во врската тие сакат жена која ќе им го стопли срцето.
Таа секогаш е на висина, се сака само себе си и не умее да возврати на силните машки чувства.
Топлиот дом и мајчинскиот инстинкт, за неа се непознати поими. Затоа мажите се задоволуваат со една студена ноќ помината со жена која се смета за кралица. Кажете стоп за мазохизмот: Време е за љубов!
Без сопствен став и мислење
Колку и да не се согласува или да не му оди во прилог, на секој маж му е важно неговата партнерка да има став за важните прашања. Да, тие копнеат да бидат водачи и нивниот збор да биде последен, но секое одобрување и подржување од партнерката го сметаат за немотивирачко.
Кога го оставате изборот на ресторан за вечера или дестинацијата за одмор на него, тој лесно може да помисли дека си има работа со кукла која нема став да ги одбрани желбите и мислењата, а тоа е она што нема да ве направи негова посебна и најсакана.
.gif)






















.gif)























