
Изберете тема на разговор која ќе биде обострано интересна.
Можеби не ви се верува дека до состанокот кој толку долго го чекавте ве делат само неколку часа. Поканата за пијалак од слаткото момче всушност е потврда за остварување на долго посакуваната желба, но во главата ви се мешаат милион прашања за тоа како да се однесувате.
Зарем не ви е важно какви впечатоци ќе понесе момчето од вашиот прв состанок? Се прашувате како да го импресионирате на првиот состанок?
Првиот впечаток многу често знае да биде пресуден дали ќе има и следен состанок, затоа сконцентрирајте се на сопственото јас кое ќе го презентирате пред момчето кое полека, но сигурно ви се вовлекува под кожа.
Лажната слика за себе колку и да изгледа убедливо на првиот состанок, паѓа на испитот на следниот состанок, затоа не обидувајте се да глумите.
Останете своја, искористувајќи ги следниве трикови за да тој се воодушеви од вашата харизма на состанокот и многу брзо посака уште многу такви.
Молчењето е непријатно
Верувајте дека првиот состанок ќе се претвори во последен доколку не иницирате разговор на тема која ќе биде обострано интересна.
Тоа не значи дека треба да навлегувате во најинтимните или дискутабилните теми, но истовремено не значи дека вашите одговори треба да се сведуваат на „Да“ или „Не“.
Постојат најразлични поводи за отворен и креативен разговор што е идеална можност да се запознаете поблиску.
Спомени за поранешните партнери
Речиси половина од претставниците на машкиот пол , раскажувањето на деталите за поранешните партнери го доживуваат како навреда на личното его.
Не осудувајте го перспективниот однос со момчето, уште на самиот почеток, да живее со спомените за неговите или вашите поранешни партнери и сите детали поврзани со љубовното минато.
Не вреди да се обидувате да дознаете за неговите претходни врски, наместо тоа потрудете се да успее сегашната со вас.
Двосмислени шеги
Хемијата на првиот заеднички состанок зачинете ја со доза на хумор. Тоа е проверена гаранција за инстант блискост.
Но, бидејќи не го познавате доволно постои можност вашите двосмислени шеги да бидат протолкувани на погрешен начин. Искрените и умерени шеги нека бидат вашата опција за првиот состанок.
Премногу алкохол
Сакате на неговото друштво да му додадете доза на романтика и воедно да ја победите срамежливоста. Позитивноста на вашата личност ќе ја поткрепите со бокал вино, но пресудна е количината.
Сигурно не сакате тој да помисли дека комплексите ги покривате со алкохол кој во прекумерни количини ќе ви го претвори состанокот во кошмар.
Доцнење
Вашиот бон тон не ви препорачува да дојдете прва, но воопшто не е во ред тој да ве чека повеќе од десетина минути.
Важен момент од организацијата за вашиот прв состанок е и навременото пристигнување. Нема потреба од тестирање на неговите нерви за чекање.
.gif)






















.gif)























