
Истакнете ги надворешната и внатрешната убавина истовремено.
Трагајќи по љубовта и среќата, непрестајно се менувате, се осмелувате на секакви потези, постојано сте во исчекување на прегратка, бакнеж, убав збор...
Постојат голем број начини да ги подредите работите во своја полза и да се почувствувате вистински сакани. Многу често е доволно само да ја искористите моќта на женската енергија.
Според едно психолошко истражување, женската енергија е нежна и пасивна и е одговорна за спокојот и задоволствата во еден машко-женски однос, за разлика од машката која е активна и се симболизира со борба, и достигнувања. Но, во суштина во секоја жена постои машка енергија која се нарекува анимус (лат. дух) и таа е одговорна за рационалноста на мислите и убедувањата и за моќта која ја поседува, и во секој маж постои женска енергија - анима (душа) која раководи со неговите емоции.
Кај мажите пали женственоста
Од соодносот на овие две енергии зависи успешноста на вашата потрага по вистинскиот маж и степенот на неговата вљубеност во вас.
Колку повеќе во вас е развиена женственоста толку се поголеми шансите да привлечете вистински силен маж, кој во себе носи голем потенцијал да ве усреќи. И колку повеќе доминира машката енергија толку повеќе ви годи покрај нерешителен и емотивно нестабилен маж.
Но, жените можат да го променат соодносот со помош на медитација, начинот на комуникација, стилот на облекување (фустаните и здолништата се сметаат за женствена облека), и со целокупниот образ на живеење. Затоа е важно во текот на денот да одвојувате барем по два часа за емоциите и задоволствата.
Романтична комедија, појадок со другарките, творењето и готвењето ни помагаат да се наполниме со енергија, а токму тоа го очекуваат мажте од жените - енергија за емоции и слатки задоволства.
Бидте дипломатични - најпрвин пружете љубов, внимание и грижа и верувајте ќе ви биде возвратено со уште повеќе.
Еве неколку совети кои ќе ја потикнат вашата женственост и ќе ви помогнат да го привлечете посакуваниот маж покрај вас:
1. Потрудете се да ја пронајдете сопствената среќа и кога ќе се изборите за неа не дозволувајте било кој да си поигрува со неа и да го наручи вашиот ритам на живеење;
2. Истакнете ја надворешната како и внатрешната харизма. Не заборавајте дека ниту еден маж неможе да одолее на комплетна жена;
3. Давајте комплименти на самите себе си, но и на другите жени;
4. Не плашете се да побарате помош од маж, најверојатно тој едвај чека повод да ви се доближи;
5. Ценете го сопственото семејство и пријателите, а воедно и неговите блиски;
6. За проблемите дискутирајте смирено и аргументирано и секогаш бидете подготвени за компромис;
7. Искористе ја секоја прилика да го пофалите мажот до вас. Неговите квалитети нагласете ги пред сите, а за недостатоците разговарајте насамо и во поволен момент;
8. Не плашете се да останете сама. Тоа време искористете го за акумулирање на позитивна енергија;
9. Простувајте лесно доколку имате доволно добра причина за тоа, во спротивно искажете ги своите ставови и смирено продолжете по својот пат.
Не бидете дел од оние профили на жени од кои бегаат мажите!
.gif)






















.gif)























