
Некои мажи страдаат нечујно, со срцето, а некои се издадени токму од сопствените очи.
Ах, таа женска љубопитност повторно го размрда прашањето за машките солзи. Дали мажите плачат? – не е само ваша постојана дилема, туку и едно од многуте мистериозни прашања на универзумот.
Дали и на тој, за кој вие не ги штедите солзите и чувствата, понекогаш му иде да заплаче исто толку силно како и на вам?
Се лажете ако мажите ги сметате за безчувствителни суштества кои никогаш во животот не пролеале солза. И тие страдаат, но не секогаш го покажуваат тоа.
Колку и да се силни и издржливи, на секој маж му се случува да заплаче, но како го прави тоа кога причината за влажниот поглед е една жена?
И тој умее да заплаче
Најверојатно и вие познавате барем еден маж кој, пред вас, зборувал со толку силни емоции за некоја жена што сте помислиле дека секој момент ќе заплаче. Можеби го препознавте препознавте школскиот другар во ваквиот маж.
Тргнете од ситуацијата со вашиот другар од училишните клупи, чии солзи неодамна ве потсетија дека умеат да заплачат и за девојка, но што подалеку од се и сите.
Осумте часа дневно што ги поминувавте заедно и бескрајните вечерни разговори за љубовта, ви беа доволни за да го процените неговиот однос кон девојката која ја сака. Таа беше единствената која се трудеше да ја усреќи, а таа не ни беше свесна за цената на таа љубов.
Една солза за една неверна ноќ
Нејзината младост и полетност, залеани со доза на алкохол, во ноќта кога беа излезени посебно, беа винови за да таа падне во туѓа прегратка.
Вие се најдовте на истото место каде што тој, вашиот другар, чувствуваше дека светот се урива врз него. Тој беше само обичен маж кој, солзите го издадоа за лузната на срцето.
Кога очите го издаваат...
Забележавте повредено машко его, скршено срце кое вистински ја сакаше, болни коментари од страна и солзи на неговото лице кои како да сакаа да кажат крај на уште една несреќна љубовна приказна.
Солзите на ова момче не беа знак на слабост или обид да ја врати. Едноставно, емоциите, довербата и чувството на неправедно неверство го натераа машкото срце да заплаче толку силно што и очите не успеаа да ја скријат таа болка.
Мажите, можеби не во толкава мера како жените, но се чувствителни. Некои страдаат нечујно, со срцето, а некои се издадени токму од сопствените насолзени очи и тогаш се прашувате каква е моќта на таа љубов што ги растреперува. Можеби токму таа е вистинската?
.gif)






















.gif)























