
И за љубовта и за музиката најважни се ритамот и хармонијата!
Зарем не сте знаеле дека музиката и љубовта се исти? И за двете работи најважни се ритамот и хармонијата. Во истиот момент кога токму нив ќе ги пронајдете и тоа со саканиот маж, ќе посакате тој да ве одведе пред олтар.
Истото им се случи на овие жени кои ни раскажаа за раѓањето на нивната љубов која беше и ќе остане најголема причина за прстенот кој ја украсува нивната лева рака.
Згодниот стоматолог е добра прилика!
„Приказнава почнува со мојата лудост, а завршува со среќен брак во кој живеам веќе 3 години и исто толку уживам во вниманието што секојдневно го добивам.
Јас бев тинејџерка кога се запознав со мојот сегашен сопруг, инаку тогаш наш семеен стоматолог. По запознавањето со него, одењето на стоматолог ми беше празник.
По неколку средби, ми го зароби срцето, а јас како млада и луда побрзав да му го покорам телото. За жал или среќа, тоа не ми успеа, затоа што тој беше постар и со почит кон мојата младост и невиност.
После неколку години, почнавме да излегуваме и сега веќе неколку години сме во брак. Додека тој ме чекаше да пораснам и созреам, а јас чекав да почнеме врска. “ – Сања, 28
Школскиот пријател по пет години!
„Тој ми беше како брат. Во средно, на шега си крадевме пенкала и го делевме сендвичот на пауза. Се снаоѓавме во разговор на секоја тема, но кога ќе се споменеа љубов или секс и двајцата пребледувавме.
Од тогаш поминаа неколку години, бевме во повремен пријателски контакт и променивме неколку врски.
Пресудна беше кафе средбата пред три години кога созреаниот карактер ни даде храброст за да признаеме дека сме си биле прва љубов и да си дадеме можност повторно да ја оживееме.
Оттогаш бевме во врска, а неодамна сме во брак. Но, сега претходно непознатите теми ни се мото на живеење, а сексот секојдневна задолжителна активност. Срамот од средношколските денови на нас делува како афродизијак и не тера да ги надополниме сите пропуштени моменти од младоста.“ – Ана, 26
Ах, тој срам од згодниот тренер!
„ Со другарките бевме редовни во фитнес центарот, каде го запознав моето момче и сегашен маж.
Ни требаше дури година за да се отвориме еден пред друг и да дознаеме дека тој всушност се срамел од мене, а јас од него. Се сеќавам како со сите сили се борев против храброста да го направам првиот чекор, затоа што верував дека машкото е тоа кое треба да преземе акција. Така и се случи. Првиот чекор го направи тој и оттогаш работите тргнаа со лесно.
Сега се смееме на невиниот срам кој ни украл толку многу од времето кое можело да ни биде заедничко, но токму тој срам да пристапи на жена е искуство кое ми оди во прилог затоа што сум поспокојна дека е само мој и единствен. “ – Ана, 32
.gif)






















.gif)























