magare1Алергични на неговата тврдоглавост?
Вие безуспешно со подвиткана опашка после денови докажување се помиривте.
zenkar4Еднаш женкар, секогаш женкар
Ако неколку бурни ноќи се доволни да се ризикува 2 години љубов, дали тој знае да љуби?
sabgol_copyИ кога велам не, знај дека те сакам
И кога велите „не“на неговата љубов, знајте дека сте лудо вљубени во него, но дали и доволно храбри за да се борите за љубовта покрај сите негови недостатоци.
stylish_womanОсвојте го фраерот од соништата?
Внатрешниот и надворешниот сексапилен изглед секогаш пали!

4 забранети сценарија после раскинување

tazenje

Не сте ниту прва, ниту последна којa поминува низ тој тежок период после раскинувањето.

Од глава не ви излегува ниту тој, ниту вашата омилена песна, ниту местата на кои што одевте заедно. Не сте ниту прва, ниту последна којa поминува низ тој тежок  период после раскинувањето.

Но сепак треба да останете доследна на себе и да си ги забраните овие четири сценарија за поранешниот:

Не му се јавувајте секој пат кога ќе помислите на него!

Ако на секои 7 минути низ вашата глава поминува вашиот поранешен нема да бидеме загрижени, тоа е нормално бидејќи има толку многу работи кои ве потсетуваат на него. Можеби песната со која ви ѕвонеше тој на телефон, некој подарок од него, последниот филм кој го гледавте заедно или жената во ресторанот до вас која го порачува неговото омилено јадење.

Но ако на секое помислување на него го барате на телефон, тоа ќе биде вистинско демнење и лудило.

Не ги споделувајте вашите емоционални драми на Фејсбук!

Тоа значи и за оние кои се прекриени со тенок превез. Иако можеби мислите дека пишувате кодирано, сите знаат точно за што зборувате. Статусите како „се се случува со причина“ или „некои луѓе не вреди ни да се спомнат“ и слично, прават да изгледате како да не сте продолжиле понатаму, а и дека нема да го сторите тоа во блиска иднина. Кажете си: Фејсбук не е мој дневник, Фејсбук не е мој дневник...

Не се фрлајте во рацете на друг маж!

Да го појасниме ова, воопшто не говориме против некаква авантура или пак да се фрлите во креветот на друг маж, говориме дека не треба емоционално да се врзете со друг маж и да скокнете во нова врска.

Знаеме дека не сте навикнати да не бидете дел од двојка, но прво дозволете му на телото да се олади бидејќи само така ќе имате добри шанси вашата наредна врска да потрае.

Не пробувајте да бидете „само пријатели“ веднаш!

Подготвивме квиз за да сфатите дали сте спремни да бидете негова пријателка. Дали ќе ви биде тотално сеедно да го чуете како зборува за новата девојка која му се допаѓа?

Еден поен за „да“, а два поена за „никако“. Ако имате повеќе од еден поен, тогаш кафе со бившиот не ви е потребно, а пак пријателството со него не доаѓа предвид.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?