
Лозинката го отвори неговиот профил, но и едно страшно откритие за вас, дека не сте му единствена.
Не еднаш сте биле сведоци на караниците меѓу паровите на тема Фејсбук, а ниту вашата врска не е исклучок од овој тренд. Тоа како да стана секојдневен проблем за современите врски.
За главен осомничен за убиството на врските и сите виртуелни гревови кои мамат на неверство, се терети токму Фејсбук, на кој секојдневно му посветувате минимум два часа.
Збунети сте кога кликот на „Ми се допаѓа“ се толкува како вљубеност, а разговорот на чет како неверство и тоа е со право доколку во пријатели имате повеќе од 300 луѓе кои не ги познавате, а сепак контактирате со нив.
Дали виртуелната авантура е неверство?
Сигурно сеуште го паметите раскинувањето на пријателката со момчето поради неговите зачестени разговори со непознати пријателки. Виртуелната авантура може да биде чекор кон изневерувањето во живо, затоа е опасно вашето момче постојано да седи пред компјутер и да се запознава со девојки. Но, пред да го обвините момчето, размислете и за целта на вашите Фејсбук активности.
Неговата лозинка отвори страшно откритие!
Случајно дојдовте во контакт со неговиот профил и има што да видите. Сомнителни пријателки и уште посомнителни разговори со нив. Па толку убави зборови и желби за добра ноќ вам ви нема кажано, колку што се осмелил да пишува по Фејсбук. Лозинката го отвори неговиот профил, но и едно страшно откритие за вас, дека не сте му единствена!
Следното нешто беа неговите оправдувања за никаквата поврзаност со наводната „школска“ пријателка која прва му почнала разговор. Крајот се потврди со неговите претерани коментари на сликите кај некоја згодна девојка. Ова беше уште една злоупотреба на слободата која ја има!
Вашите Фејсбук активности
Не дека нешто посебно се интересирате, но профилот на поранешното момче е задолжителен за секојдневна проверка, едноставно за да дознаете што има ново.
И покрај тоа што сте во врска, кога ќе ви пише некое момче, ќе му го отворите профилот и има што да видите - тој има идеална појава, тело и поглед за кој сонувате, уште да се покаже со разговорот. По само еден ваш „лајк“, тој ви почна разговор, а по неколку дена ве покани на состанок и сега на вас останува дали ќе се одлучите да го оживеете ова виртуелно познанство. Тоа што ве тера да излезете може ќе биде причина за крај на вашата врска, затоа добро размислете!
.gif)






















.gif)























