nastinka10 факти кои посакуваат да ги знаете за нив
Не секогаш важи правилото - СИТЕ МАЖИ СЕ ИСТИ.
ivanov2Несфатениот романтичар
Брилијантен ум искрен до суровост и токму затоа несреќен во љубовта!
sportska3Зависни од спортско обложување?!
Толку многу ја мразите таа нивна детинеста, нерационална навика.
men_in_suit_in_bedroomКаков секс – таков карактер!
Мажите најчесто покажуваат што сакаат без многу заобиколување.

Шанса за повторна верба во љубовта

sega

Со чекорите на заборавот стигнавте до моментот кога се будите во топла прегратка, среќни и исполнети, но ве разбудија токму спомените за поранешниот. Оној за кој срцето се уште безгласно прашува додека се борите со сите рационални сили да не го памети неговото име.

Која сила ве натера некогаш, а и се уште ве прогонува да мислите на него? Дури и сега кога со друг имате многу повеќе отколку што баравте и очекувавте.

Љубовен живот замрачен од минатото

Мислите не ви даваат мир за да се предадете целосно на мажот кој во моментот е единственато сонце во вашиот љубовен живот замрачен од минатото.

Среќата има моќ да ве разнежни кога тој ве допира, да ве наполни со доверба, надеж, бескрајна љубов, но во главата ви се појавуваат милион прашалници за минатото.

Спомените од минатото и тој поранешниот во него, на моменти, се чини како да имаат поголема моќ. Тоа што ве тера да мислите на него е посилно од се, дури и од задоволството што го имате во оваа врска во која љубовта не ви е милостина како што беше со поранешниот.

 

NotForMen препорака: Мислете, зборувајте и дејствувајте со љубов!

 

Зошто не можете да сакате повторно?

И не еднаш сте посегнале по логиката за ова ваше чудно однесување! Зошто фрлате прашина на убавите моменти кои ви ги сервира љубовта и посегнувате по српот да ја скротите нејзината убавина? Самоизмачувањето со мислите дека неможете да сакате друг како него го руши темелот на вашиот нов живот во кој ќе ви го надополнат некогашниот недостаток на љубов!

Неговите трошки љубов

Она што некогаш во вас предизвикуваше оган од емоции сега е само жар кој тлее и не ви дава мир да продолжите по патот на кој тој ве остави без ни најмала грижа на совест, без парченце љубов. А вие го сакавте неизмерно, бескрајно, вистински...

Неговата невозвратена љубов и сета болка која ви ја нанесе за вас можеби беше надеж дека ќе го заборавите многу брзо. Но, токму фактот дека не ја заслужува вашата љубов како да е причина за секое ваше сеќавање на него.

Зарем не му беше доволна вашата љубов и се што направивте за него? Со што ја заслуживте тагата од неговите трошки љубов?  Никој незнае.

Едноставно убедете се дека така требало да биде - да се стави крај на се. Секој во животот си има свој пат, а на вашиот тој беше само случаен минувач кој ќе го паметите по лошо. Секој ја пронаоѓа вистинската личност за себе. Може тоа е токму мажот кој во моментов е до вас. Погледнете, размислете, засакајте, затоа што љубовта заслужува и втора шанса!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?