
Можеби е време да го поставите вашиот услов дека за да ја докаже љубовта кон вас треба да започне од почитта и вниманието на кои толку често заборава.
По двонеделно молење и преколнување во име на неговата љубов кон вас и долгогодишната врска, свесно ја прифативте играта да продолжите понатаму.
Зад вас е неговото неверство, а пред вас предизвикот да живеете без сомнежите дека истото ќе се повтори.
Дали секое евентуално искушение во иднина може да биде закана за вашата заедничка врска и отров за љубовта? Како да ја повратите довербата во партнерот?
Кога му простивте едно неверство...
Кога ќе помине почетниот бран на болка и збунетост од сознанието дека тој ве изневерил, следува вашата конечна одлука.
Колку неговите аргументи на самоодбрана се силни за да се израмнат со вашата љубов кон него и подготвеност да жртвувате дел од суетата за да ја спасите врската, зависи само од вас!
Секој има свој момент на слабост, а ниту вашата врска не помина без тестот на искушение. Три дена не ви беа доволни за да се помирите со реалноста дека алкохолот и веселото друштво беа пресудни за тој да заврши во прегратките на друга девојка.
И покрај бедноста на неговото машко его и неважноста за процентот на алкохол во неговата крв, му простивте, но вербата во неговите дела и зборови никако да ја вратите.
Доколку ве пресретнуваат сомнежите за неговата љубов и немате мир секогаш кога е излезен сам, време е отворено да разговарате со него за недовербата за која тој го даде почетниот повод.
Можеби треба да му дадете до знаење дека тој треба да ја поправи ситуацијата по неговото неверно однесување.
Ако жали за неверството, нема да се штеди за да повторно го оживее принципот на доверба во вашата врска. Се разбира во име на љубовта!
NotForMen препорака: 4 правила за исполнета врска
Кога затворивте очи на неговото невнимание...
Можеби неколкупати ќе затворите очи на неговото невнимание, но тоа како да стана второ име за неговото непочитување кон вас. Неговите заборавања не се бројат на една рака, а вие доволно затворавте очи.
Сите важни датуми тој ги прославува во обложувалница, а на последниот ваш роденден задоцни два часа?
И додека упорно се обидувате да не придавате големо значење на неговите постапки на немарливост, сомнежот дека не му значите се шири во вашата психа.
Можеби е време да го поставите вашиот услов дека за да ја докаже љубовта кон вас треба да започне од почитта и вниманието на кои толку често заборава.
Сигурно не сакате неговото невнимание да ве прогонува паралелно со сомнежот дека сте во врска со маж кој не ве сака.
Го простивте и заборавивте неверството, а со неговото невнимание упорно се борите. Сомнежите во вашата глава, како нем сведок на вашата љубов кон него, не ви даваат мир.
И овој пат, нападот не е најдобро решение, затоа не напаѓајте туку побарајте го од него она што толку ви недостига – да ги поправи грешките и избрише недовербата од вашата глава и најважно да го насочи вашиот чекор во насока спротивна од сомнежите.
.gif)






















.gif)























