
Дали магијата на брачната понуда може да се долови на женски начин, ако толку посакувате со него да го слушнете звукот на свадбените ѕвона?
Кога тој заборава на иницијативите, а истовремено е толку неодолив, вие сте таа која ќе мора да предизвика бура од емоции.
Можеби моментот на романтика е пресуден за да љубовното признание ви излета од уста или хормоните ве предизвикаат да го одвлечкате во спалната со поинаква секс понуда? Факт е дека женските иницијативи моќно заземаат замав над пасивно машко его.
И најмистериозниот момент, дали магијата на брачната понуда може да се долови на женски начин, ако толку посакувате со него да го слушнете звукот на свадбените ѕвона?
Женската храброст од машки аспект
Не постои маж кому не му се допаѓа женската иницијатива, додека вие си мислите колку само им недостигаат лидерските способности во врската.
И овој пат ваша е одговорноста за, од избор на локација и комплетна организација на годишниот одмор, па се до препорака какво кафе да пие додека сте излезени. „Не знам“ или „Ти одлучи“ како да се најупотребуваните зборови во неговиот вокабулар.
Неговата пасивност и секојдневни двоумења и вашата храброст која ве тера на постојани иницијативи се чудна комбинација.
Внатрешните демони за романтика ве предизвикаа да му изјавите љубов, кога тој заборава, а денот потоа се соочивате со сомнежот дека претераните изјави можат само да го одалечат од вас.
Просторот за паника го создавете само во вашата глава, а неговата искреност е пресудана за добиениот одговор.
NotForMen препорака: Дали жена може да силува маж?
Награда за храброста
Уште еден мангуп кој ќе се дрзне да ве убеди дека и тој го чувствува истото или срамежлив и монотон господин кој ќе премолчи на сите ваши обиди за емоционален бум. Или можеби тој, совршениот, кој ќе ужива во моментот, а наскоро ќе ви се оддолжи.
Препознајте го партнерот до себе и бидете на чисто со вашата храброст која може да ве донесе на само чекор од добивката.
Можеби ќе почнете да си го штедите времето затоа што неговата реакција како да е извадена од фрижидер, а можеби и ќе бидете негова причина за да ги отвори картите со кои игра во врската.
На секс иницијативата, со сигурност, ќе добиете одговор на дело, а повеќето мажи се едногласни дека тоа е нивниот омилен дел од „забавата“. Вашата самодоверба е најголемиот афродизијак за полот кој се почесто сака задоволства сервирани на тацна.
Стратешки со брачната иницијатива
И тука некаде додадете три точки на приказната за женската иницијатива и сите нејзини предности. Ни под разно не смеете да продолжите со идеи дека вие ќе бидете главен иницијатор за подлабока врска или брачна понуда, затоа што тој е доволно возрасен, а веројатно и паметен да регира во ритамот на сопствените одговорности и емоции и да ви ги објасни сите негови лични причини. Што кога ќе се дрзнете да ја превземете и таа нивна одговорност?
Не дека нема да успеете во намерите, но сепак, препуштете ја магијата на моментот во негови раце. Можеби му требаат поттик и атмосфера за да сфати дека вие сте вистинската за него, а отвореното и директно залагање за кутивче со бурма може да го исплаши и збуни, а во најлош случај и отргне од вас.
Иницијативата преформулирајте ја во стратегија да го подготвите за моментот да клекне на колена, а ако е вашиот вистински тоа ќе се случи без проблем. Женската иницијатива, во овој прагматичен свет, како да станува синоним за безусловна среќа, затоа успешно со храбрите потези и само напред девојки!
.gif)






















.gif)























