
Момчето кое го форсирате како сродна душа на вашата пријателка не и е баш по кеиф?
Во ова време на емотивен хаос и лажни вредности, пријателката која го носи епитетот вистинска и ваша најдобра треба да има почесно место во вашиот живот, како и вие во нејзиниот.
Таа секогаш е тука да ви подаде шамивчиња за побезболно раскинувањето со момчето, да ги ислуша сите детали за претпоставениот, да ви каже дека црниот фустан ви стои страшно добро...
За секој лош ден, ваш или нејзин, спасот е во заедничкото кафе и маратонските разговори. И тука некаде веќе се најдовте во машкиот свет и се заплеткавте во прогнозите за вашата нова врска.
Внимание: Момчето кое го форсирате како сродна душа на вашата пријателка не и е баш по мерак!
Се најдовте пред тестот на пријателството во кое се колневте и како да треба да одлучите дали таа или момчето ви е поважно!
Зошто нејзината поддршка исчезна?
Ја делите истата страст за чевлите и чантите, ги имате истите ставови за флертот и љубовта, уживате во истиот вкус за кафе и чоколади, но овој пат нејзината подршка за вашата нова врска изостана.
Кои се најзините причини за да не покаже дека е среќна за вас или барем даде позитивен коментар - да ве охрабри, како што вие го правите тоа за неа?
Нејзе не и годи друштвото на вашиот партнер, а ниту една прилика не пропушта за да ги нагласи, а во најлош случај и измисли неговите маани. Секогаш, кога знае дека сте договорени со него, бара да ја придружувате на некое место со зборови на уценување.
Вашата пријателска врска е во хаос, а вие трчајќи кон момчето се плашите да не ја изгубите неа поради некој може по два месеци нема да ве гушка толку силно како сега.
NotForMen препорака: Што кога пријателката не го сака вашето момче?
Нејзината надмоќ против вашата одлука
Сето тоа без конкретна причина води кон заклучок дека љубомората замешала прсти.
Толку умешно ви ги сервира нешта што почнавте да се сомневате во сопствените чувства, а нејзината убедувачка моќ некако е чудна, па се почесто почнавте да ги прифаќате нејзините идеи да се дистанцирате од партнерот.
Свесно или несвесно, го бирате нејзиното друштво, ги слушате нејзините совети, а негодувањата од партнерот ги чекате за да си потврдите дека тој е виновникот. Повеќе од нормално е да чувствува дека неговите очекувања се изневерени од вашето недоволно внимание за врската. Зошто тој да се труди кога вие за се ја прашувате пријателката?
Обидете се на двете страни
Застанете и размислете! Можеби е подобро да ја спасите љубовта која тоне, а тестот на пријателството да го решите со максимум поени. Како?
Побрзајте да ја дознаете причината за таквото однесување на пријателката. Зошто се дрзнала да ве отргне од момчето?
Зарем вистинското пријателсто и дава за право да гази по вашиот избор и обид да бидете среќна и сакана? Таа нема право да биде креатор на сцени во кои вие треба да одлучувате меѓу неа или него. Ова треба да го нагласите пред неа, давајќи и на знаење дека вие и натаму ја цените, треба да ги задржи нејзините лични причини за негодување околу вашиот избор. Но, во никој случај не запоставувајте го пријателството.
Покажете и дека ви значи, но истовремено и дека не сакате да го изгубите момчето кон кое таа нема симпатии, затоа што со него ве врзува љубов за која ќе се борите без оглед на се.
.gif)






















.gif)























