
Имате две опции - да се повлечете од борбениот фронт за неговата љубов или да тргнете во поход во кој тој ќе капитулира пред вашите очи.
Еден поглед и магија се стори. Неговото срце капија ви отвори, но само за една ноќ. Утредента и три дена потоа вашиот нем поглед кон телефонот беше сведок на вашата желба оваа магија да ве следи во реалноста, но тој ве љубеше само една ноќ и ни миг потоа.
Како да ја надминете еуфоријата?
Илијада и една причина за насмевка на вашето лице кога ќе се потсетите на ноќта која како да стана бестцелер во вашата љубовна проза.
Неговата совршена појава и усни како создадени за вашите бакнежи веќе се појавија на прагот од мечтите за вашиот утрешен ден, а од него ни трага ни глас.
Време е да се соочите со вистината колку и да изгледа сурова!
Се предадовте во рацете на маж кому му бевте трофеј плус во колекцијата скршени женски срца.
Откако ќе ја прифатите вистината веднаш ќе почувствувате сигурност дека можете да ја превземете ситуацијата во свои раце. Размислете за следниот ваш чекор!
Одмаздата се служи ладна
Имате две опции - да се повлечете од борбениот фронт за неговата љубов или да тргнете во поход во кој тој ќе капитулира пред вашите очи.
Секоја идеја за одмазда за да го спуштите на земја може да биде продуктивна само доколку е добро осмислена. Каде да го побарате и како да го турнете во замката на вашата одмазда?
Дури и светот изгледа премногу мал кога станува збор за вашата намера. Можеби ќе ги украдете неговите трикови и ќе го заведете за да на крајот му го покажете заслуженото место.
Вашата појава и лажната надеж која ќе му ја сервирате се добра комбинација за да на крајот го гледате како најголем губитник. Тој ја почна играта, па не жалете го за последиците.
NotForMen препорака: Што е потребно за да кажеме „да“?
Правилата на универзумот
Колку и да изгледа неправедно, по само некое време универзумот ќе ја наплати цената. Не вие и не една следна по вас, туку тоа ќе го сторат онолку колку што е потрбно за да тој се соочи со истата трагична еуфорија. Вашиот товар од разурнатите соништа ќе го стигне и него.
Дајте си време да почекате да го видите неговото пропаѓање, а најверојатно некогаш потоа тоа воопшто нема да ве засега.
.gif)






















.gif)























