
Постои еден одговор на сите прашања како да уживате во врската или бракот, а тоа е искреноста и подготвеноста на компромис во име на љубовта.
Идеална врска, уште поидеален партнер и најидеален брак – вака би се опишало вашето сценарио од детството за бајката која ве очекува. Растевте мечтаејќи да доживеете вистинска љубовна бајка, но деновите од пубертетот како да ви сервираа друга реалност.
Вечната љубов е научно докажана
Првото разочарување кога станува збор за спротивниот пол значеше прва изгубена надеж за вечна љубов. И не само личните тука беа искуствата и на пријателките, колешките и сите останати кои љубовта ја погледнале со реален поглед.
За непоправливите романтичари стигна добра вест од научниците кои докажаа дека вечната љубов не е клише излезено од романтичните филмски сценарија туку дека може навистина да постои. Таа е реална и научно докажана!
Користејќи мозочни скенери њујоршките истражувачи откриле дека кај некои парови постои истата хемиска реакција која ја манифестира љубовта како и на почетокот на заљубувањето.
Ова истражување ги побива претходните сознанија дека првиот бран на љубов бледнее во рок од 15 месеци, а по 10 години сосема исчезнува.
75% од луѓето на планетата веруваат дека ќе ја пронајдат својата сродна душа.
Постојат контрадикторни истражувања кои покажале дека попрво ќе добиете на лото отколку да се сретнете со својата сродна душа меѓу 7 билиони луѓе на планетата.
Љубовта не охрабрува
Токму романтичната привлечност може да има многу големо влијание врз расположението и самодовербата. Може да биде причина за еуфорија или целосна беспомошност.
Секој почеток е повеќе или помалку розов и ве инспирира дури и на најневозможните потези, но што кога ќе исчезне почетната страст? Врската без соодветна нега на љубовните емоции може да еволуира во навика, а одложувањето на нејзиниот прекин значи одложување на разочарувањето.
Така се наметнува прашањето дали живеете без ни грам љубов во врска од навика исплашени од крајот и сите опасности кои ги носи тој.
NotForMen препорака: Ја знаете ли тајната на вистинската љубов
Нејзината моќ е во ваши раце
Сите психолози, брачни советници и експерти за љубов на светот нема да бидат доволни да ја направат вашата љубов вечна ако вие не го посакувате и не се трудите доволно околу тоа.
Постои еден одговор на сите прашања како да уживате во врската или бракот, а тоа е искреноста и подготвеноста на компромис во име на љубовта и тоа не било која туку онаа вечната затоа што таква сепак постои.
.gif)






















.gif)























