
Милувајте го партнерот со коцки мраз и тоа на најчувствителните места.
Потребно е само да ја ослободите вашата имагинација и да се препуштите на љубовните фантазиите, а празниците се како создадени за нивна реализација.
Сакате да го возбудите партнерот до степен повторно лудо да се заљуби во вас? Овие трикови ќе ви ја олеснат мисијата!
Секси костим
Бидејќи мажите сакаат визуелна стимулација возбудете го неговото сетило за вид со појава во провокативен костум. Долна облека од тантела, жартиери, маска на очите –овозможете му да ужива во глетката доволно долго, а потоа почнете полека да се соблекувате. Со ова ќе го означите стартот на страсната игра која ви претстои.
NotForMen препорака: Вашите секс фантазии, разголени!
„Запалете“ го со коцки мраз
Милувајте го партнерот со коцки мраз и тоа на најчувствителните места. Уште подобро е ако ја земете коцката мраз со устата и потоа продолжите да го бакнувате по целото тело.
За ултимативно задоволство искористете течно чоколадо што туку извадено од фрижидер со кое ќе го посипете по градите, а потоа ќе го излижете.
Еротска масажа
Масажата со миризливи масла е одлична предигра, но под услов да биде долга и нежна, по што ќе се фрлите на дива и страсна секс партија. Маслото со арома на ванила или мошус во комбинација со допирот на вашите раце делуваат екстремно еротски. Менувајте се наизменично.
.gif)






















.gif)























