
Кога станува збор за еднократното неверство врската заслужува уште една шанса за која треба добро да ги разгледате сите околности.
Секоја љубов е посебна и различна од било чија друга, а тоа значи и секоја врска има свои карактеристики поинакви од оние на другите.
Колку порано го сфатите ова толку полесно ќе ви биде да се дистанцирате од туѓите коментарите од типот „ мене вака да ми прави не би истрпела ни еден миг“ кои повеќе или помалку злонамерните познаници ќе сакаат да ги искористат да внесат неред во вашиот однос.
Затоа останете сконцентрирани на сопствените желби и потреби како и на критериумите кои ви се важни во врската со партнерот.
Сепак постојат некои нешта кои не смеете да ги простите колку и да сакате да ја зачувате врската. Затворањето очи пред овие нешта нема да ја спасат љубовта туку само ќе ја поткопаат вашата самодоверба без која тешко ќе функционирате. Кои се тие универзални нешта за кои треба да размислите дали да ги простите?
Неверство
Не постои доволно веродостојно објаснување од негова страна за да му го простите неверството, но љубовта може да биде повеќе од доволен повод да ги разгледате сите околности.
Ќе речат човечки е да се погреши, а уште почовечки да се прости, но не секогаш кога тој ќе ги деградира основните вредности на љубовта, ќе гази по се што заеднички градите и нема да го почитува она во што до вчера се колнел.
Кога станува збор за еднократното неверство врската заслужува уште една шанса за која треба добро да ги разгледате сите околности.
Само доволно силна причина за таков испад од негова страна, но и искрено покајување може да бидат причина за се одлучите за спас на врската која тој ја турна на самото дно токму со своето неверство, но ова не важи доколку станува збор за континуирано неверство.
Пред да ја донесете конечната одлука дали ќе му го простите неверството трезно разгледајте ги сите факти кои ќе бидат пресудни за вашиот потврден или негативен одговор бидејќи од тоа зависи и вашата иднина.
Лаги и манипулаторски потези
Колку пати само го фативте како ја сокрива вистината од вас притоа служејќи се со најразлични манипулаторски трикови. Оваа негова практика може да биде фатална за вашата личност затоа што ризикувате еден ден да се разбудите во тотално лажен свет.
Неговите неостварени ветувања, лажни комплименти и мал милион манипулаторски трикови со сигурност нема да ве усреќат, па затоа размислете до каде ќе ја исцртате линијата на толеранција пред неговата неискреност.
NotForMen препорака: Мали гестови - големо внимание
Невнимание
И вие имате обврски, но пак наоѓате време да го изненадите, а тој никако да најде две минути дневно за да ве побра на телефон или два часа неделно за да ве однесе на поинаква вечера.
Дури вашиот роденден не е доволен повод за да ви подари цвеќе и да ве израдува со подарок. Неговото невнимание нема оправдување колку и да е обидувате да го нагласите неговиот површински карактер или отсуството на тие навики.
Доколку не станува збор за криза односно вие со месеци и години продолжувате да ги чекате неговите гестови на внимание кон вас тогаш време е да престанете со таа практика. Не смеете да се задоволите со ништо кога можете да имате се кое си го скратувате простувајќи ги овие негови грешки.
.gif)






















.gif)























