
Подобро поскоро да останете сама отколку да го одложувате ладниот туш кој ќе ве облие кога ќе го дознаете неговото вистинско лице.
Секој негов поглед кон вас е израз на љубов, уживате да го гледате додека се смее, а на вашето сетило за слух се што му е потребно се неговите зборови.
Откако го запознавте почнавте да верувате дури и во невозможното, да сонувате за заедничкото и да се трудите како никогаш претходно.
Се што баравте го пронајдовте во него. Стоп! Мора да си признаете дека вашата врска е идеална се додека вие на моменти ги затворате очите пред неговите недостатоци.
Добро, тие не се кој знае колку страшни на почетокот, но доколку не ги прифатите или направите нешто за да ја промените ситуацијата на подобро може во иднина да ја претворат љубовната идила во најлош кошмар, а вие не смеете да го дозволите тоа!
Внимавајте бидејќи токму оние ситуации од секојдневието може да откријат многу за неговиот карактер кој сега ви изгледа како спој на елементи кои ве тераат да го чувствувате бесот на пеперутките во стомакот.
Време е на почетокот да ги протолкувате неговите зборови и постапки за да го дефинирате идниот статус. Подобро поскоро да останете сама отколку да го одложувате ладниот туш кој ќе ве облие кога ќе го дознаете неговото вистинско лице или обратната ситуација - да си потврдите колку е во право вашето срце кога како лудо чука по него!
NotForMen препорака: Како да откриете дека е лажго?
Одите во ресторан!
Каков е неговиот однос најпрвин кон вас, а потоа и кон останатите луѓе кои ќе ги сретнете?
Како се однесува во сообраќајот додека да стигнете до таму, како ќе се однесува кон персоналот, дали можеби ќе биде со подотворена уста кога ќе стане згодната девојка од соседната маса – сето тоа може да ви го открие неговиот карактер и покрај тоа што во односот кон вас сега за сега се е под контрола.
Доаѓа моментот да разговарате за неговата поранешна девојка!
Како реагира тој кога ќе му го споменете неговото минато или едноставно заедно ја сретнете неговата поранешна девојка во маркетот каде пазарувате?
Можеби ќе ја одбегнува темата или уште пред да го прашате ќе изнесе цел тон валкани зборови за неа. И двете ситуации водат кон ист заклучок дека тој се уште има чувства кон неа, а вас и вашата безусловна љубов ја користи како лек за побрз заборав.
Неговата комуникација со вас!
Можеби се топите на неговите изјави дека без вас не може да живее и таа состојба на љубовен делириум не ви дозволува да забележите дека тој бара од вас некои чудни работи.
Премногу е логично дека ќе ве опсипе со милион слатки зборови за да си овозможи услови за наметнување на уцени од типот уцени од типот „Ако ме сакаш, ќе имаме секс.“ или „Ако навистина ти значам нема да излегуваш со другарките.“. Овие фрази и безбројни изјави на љубов со кои тој се расфрлува може да го откријат неговиот карактер пред да сфатите дека е доцна за заедничка иднина.
.gif)






















.gif)























