
Додека вие го опсипувате со љубов и нежност тој ви возвраќа со исто количество љубоморни сцени и исто толку незаинтересираност за врската.
И до кога и до каде жените ќе ги поместуваат линиите на толеранција пред машкиот пол? И уште колку пати ќе затворат очи на нивното однесување слично на мало разгалено дете?
Ќе слушнете женски изјави од типот „срцето го сака само него“ или „не можам да му раскинам, во врска сме половина деценија“, а истовремено ќе забележите дека токму во таквите љубови и врски жените се жртви на страшен шовинизам. Срцето може да го сака, но затоа секој друг орган од телото е уморен од болката која тој ви ја предизвикува.
Можеби предолго сте заедно и дури смртта не ве плаши толку колку разделбата со него, но така само ја продолжувате врската од навика која немилосрдно ви подготвува убиство доколку нема љубов во неа.
NotForMen препорака: Свет на шовинизам и машка надменост
Единствен на светот да е и со него да сте поминале половина од вашиот животен век време е да престанете да го одложувате ставот со кој ќе ја прекинете толеранцијата, ќе се спасите од неговиот психички терор и ќе тргнете во поход по тоа што го заслужувате.
Токму денес е вистинско време да ги отстраните сите непотребни мажи од патот кон среќата!
- Поранешното момче на кое мислите пред да заспиете додека тој ја планира венчавката со својата нова девојка.
- Сегашното момче кое нема инстинкт за вашите желби и потреби и тивко, но сигурно ве убива со неговата љубомора.
- Колегата кој упорно се труди да паднете на замката канцелариска авантура, додека во текот на работниот ден на телефон го бара 8-годишното синче.
- Додворувачот кој ве бара строго после 22:00 часот за да ве покани кај него дома бидејќи бил сам.
Сите овие на директен или индиректен начин крадат дел од вас која ден по ден паѓа на нивните трикови и еден ден ќе се разбуди со помислата дека се живо машко на овој свет е проклето.
Пред предоцна да се освестите кажете стоп, контролирајте ги мислите и зауздајте ги емоциите, не дозволувајте да бидете нечие жртвено јагне! Можеби некогаш бевте млади и наивни и безрезервно се предававте на неговите раце кои почесто ви се закануваа со показалецот отколку што ве хранеа. Но сега сте доволно возрасни и паметни за да дадете соодветен одговор на сите нивни шовинистички идеи и практики.
Поранешниот партнер - Тој не успеал да ве задржи и усреќи па зошто тогаш ви е жал што некоја друга ќе му ја грее постелата, но можеби ќе живее во студенилото на неговите емоции. Токму на неа и ја должите благодарноста што ве спасила од неволјата наречена „брак со губитник“.
Сегашното момче – Неговиот игнорантски однос со години не може да се поправи со еден блед комплимент за вашата фризура. Додека вие го опсипувате со љубов и нежност, тој ви возвраќа со исто количество љубоморни сцени и исто толку незаинтересираност за врската. Епа, ако нема поделба на убавите моменти и истовремено обврските во вашиот однос, а комуникацијата ве турка на самото дно и ве тера се почесто да се дружите со депресијата тогаш бидете силни и преболете го. Раскинот прогласете го за нов почеток!
Колегата – Не можете да ја промените канцеларијата, но затоа можете да му ја покажете кулминацијата на вашиот игнорантски однос. Само така тој ќе сфати дека подобро е да се откаже од вашето срце како негов трофеј. Неговата појава на работното место доживејте ја како невидлива!
Додворувачот – Простете си ја грешката што сте му дале број на маж кој има намери поразлични од оние кои ги очекувавте. Потрудете се неговата идеја да се разбудите на неговата перница да остане заглавена во неговата фантазија затоа што не сте секс објект за една или две ноќи, а и немате потреба да го посетувате неговото живеалиште во доцните часови. Цврсто одбијте ја неговата покана да се најдете насамо меѓу четири ѕида!
.gif)






















.gif)























