
Денес годините го научиле на вистинскиот начин да ја изразува љубовта.
Според едно британскo истражување идеалниот брак би бил меѓу жена и една деценија постар маж.
Жените се тие на кои им е потребна машката софистицираност, искуство и знаење, а постариот маж сето тоа го поседува како последица на животното искуство.
И доколку се елиминираат резултатите од овие истражувања и се распрашате меѓу пријателките ќе сфатите дека сите тие бараат постар партнер покрај кој ќе се чувствуваат посигурно, позаштитено и посакано. Сигурно се прашувате зошто е тоа така?
Неоспорен е фактот дека неговото животно, а со тоа и љубовно искуство е заслужно сега тој да ги знае сите женски желби и хирови и да знае како соодветно да реагира.
Постар партнер, поголема сигурност
Некогаш одамна во тинејџерските години уживавте во врската од школскиот пријател – врсник, а дури од денешна перспектива ги сфаќате сите негови несигурности поради несозреаноста.
Оттогаш како да му ветивте на срцето дека ќе барате постар партнер кој ќе биде доволно созреан за да не ги дозволува детските игри во врската кои многу често се момент на играчка, а веќе следниот на плачка.
NotForMen препорака: 9 ЗА постар партнер
Тој е со сопствен став
Токму сите ваши поранешни беа несигурни кога и да станеше збор за изборот на ресторан, дестинација за зимување, нивниот избор на идната професија, подготвеноста за сериозна врска, поради што моравте вие да го носите целиот товар на сопствен грб.
Денес мажот кој го запознавте не се срами гласно да го одбрани ставот, да се пофали за работните успеси, да посака да биде добар родител.
Денес годините го научиле на вистинскиот начин да ја изразува љубовта и да не се срами машки да застане зад своите постапки. Мажот од „стариот ков“ знае како!
Срцето не прашува за возраст
Но ова не значи дека треба да трчате во прегратките на маж чии години се драстична спротивност на вашата младост и животно неискуство поради што можете да се најдете во подредена ситуација немајќи ништо заедничко со партнерот.
Неколку години повеќе се доволни за да биде идеален кандидат за вашето срце кое ни под разно нема да ги земе годините во предвид.
Тоа најверојатно е последното нешто што срцето ќе проба да го толкува! Формулата „постар маж и помлада жена“ може да биде синоним за хармонија и разбирање.
.gif)






















.gif)























