
По болното раскинување на врската, по неположениот испит или неуспешниот шопинг потребен ви е некој кој ќе звучи доволно убедливо со неговото „ се ќе биде во ред“.
Тие се тука за да ве насмеат до солзи, да ви помогнат во менувањето гума, да ве придружуваат во кино, да ви раскажуваат за глобалното затоплување – тие се вашите најдобри машки пријатели кои како по некое непишано правило секогаш настапуваат на сцена кога ќе останете сингл.
Кои 5 типа на пријатели треба да ги има секоја жена?
Господин шармер
Тој е совршено друштво за попладневно кафе, но и идеална придружба за на подиумот во диско. Неговата шармантност како да е пренослива па во негово друштво се чувствувате некако неодоливо и необично.
Морате да признаете дека ви годат погледите од девојките кога ќе се појавите во придружба со вашиот пријател - господин шармантен.
Господин интелектуалец
Имате и такви вечери кога виното е послатко со некој посуштински муабет за разлика од трач средбите со пријателките. Токму за таквите пригоди потребен ви е пријател кој многу брзо и лесно може да ви пренесе дел од неговото знаење.
Освен тоа ако знае и да ви го поправи и лаптопот тогаш тој заслужува почесно место на вашата листа на машки пријатели.
Авантуристички дух
Овој пријател е задолжителен за секоја девојка. Нему не му е проблем да ве придржува за излегување иако за тоа го известувате во 23 часот, ниту пак со вас да појде на планинарење, на лизгалиште или на куглање. Неговиот слободен дух има моќ да ве разведри дури и тогаш кога депресијата чука на вашите порти.
NotForMen препорака: 7 знаци дека сака да бидете само пријатели
Застапник на вистината
Најдобрата пријателка за да не ве повреди ќе ја прекрие вистината или можеби ќе ја каже во поблага форма. Дури и кога тој се обидува да ве изневери некои кои ве сакаат нема да ви откријат за да не ве повредат, но затоа тука е пријателот кој ќе ви ги отвори очите пред вистината која нема цена.
Исто како што тој е бесценет за да ви помогне во соочувањето со реалноста. Единствено искрените коментари може да бидат продуктивни, иако понекогаш болни.
Рамо за плачење
По болното раскинување на врската, по неположениот испит или неуспешниот шопинг потребен ви е некој кој ќе звучи доволно убедливо со неговото „ се ќе биде во ред“ и чие рамо ќе биде доволно удобно за да се потпрете. Тој е вашиот пријател кој ќе ви понуди безусловна поддршка за било што па како да не го сакате кога секогаш е на вистинското време кга вам ви треба услуга или збор на утеха..gif)






















.gif)























