
Тие сфаќаат дека дозволиле нешто навистина вредно да им се слизне низ прстите обично првиот петок вечер без планови.
Сите беа изненадени кога Seal говореше навистина смирено за неговата разделба со Heidi Klum и дури изјави дека се уште го носи прстенот зошто прави да се чувствува поврзан со неговата бивша.
Дали е навистина така или тоа е една драма за медиумите не можеме да знаеме, но некои момци се навистина тажни на крајот од врската за разлика од друг дел кој едвај чекаат да се втурнат во сингл животот и дружбата со сите тие нови девојки пред нив. Како тие преболуваат разделба?
ПЛАЧАТ САМО КОГА НЕМА СВЕДОЦИ
Сигурно и вие сте чуле како некој маж вели дека никогаш не плаче, но еве ја вистината: Тие никогаш не дозволуваат некој да ги види дека плачат.
Знаат и тие да заплачат на песна која навистина ги потсетува на поранешната девојка или да мора да ги стегнат забите и да заминат до тоалетот кога раскажуваат детали од врската, но никогаш јавно. Кога вратата сигурно е заклучена и нема ниту еден сведок тогаш е единственото добро време за излив на емоции.
NotForMen препорака: Разделба без болка!
СЕ ФОКУСИРААТ НА НЕШТО ДРУГО
Момците често се обидуваат да се изборат со болката преку фокусирање на енергијата на нешто друго. Рацете често знаат да ги болат од удирање во боксерската вреќа или автомобилот да настрада од пребрзото возење.
Знаат и со седмици да се фокусираат на некоја видео игра, за да избегаат од реалноста и да се оттргнат од сите тие хаотични чувства со кои не знаат да се справат.
СЕ ОБИДУВААТ ДА ВЕ ВРАТАТ
Тие сфаќаат дека дозволиле нешто навистина вредно да им се слизне низ прстите обично првиот петок вечер без планови, па тогаш започнуваат да работат на поправање на ситуацијата.
На почетокот можеби стоечки ќе ја прифатат веста дека сакате да раскинете, но веќе после третото пиво во некоја осаменичка ноќ сфаќаат дека не се нинџи, а осаменоста започнува да ги совладува. Уште неколку пива и подоцна во ноќта тие веќе го вртат вашиот број признавајќи дека погрешиле и ветувајќи многу работи.
Откако ќе ги одбиете сигурно ќе ви го постават прашањето: Добро, може ли барем да спиеме заедно за последен пат? И после овој негативен одговор иако ве немаат преболено тие ќе започнат конечно да размислуваат за сите нови девојки кои сега можат слободно да ги имаат.
.gif)






















.gif)























