
Тврдата вода, боите, сушењето со фен, постепено, но сигурно го сушат влакното. Без разлика дали ќе решите да не се бојосувате или да намалите од нанесувањето на средствата за обликување, косата нема да го има изгледот што го посакувате.
Останува заклучокот дека без разлика дали косата ви е природна или бојосана, кратка или долга коса, густа или ретка, секоја сака нега и внимание.
Тоа од што треба да тргнете е шампонот. Од регенераторите и маските можете да се откажете, но не и од него. Трикот се состои во тоа да не експериментирате со шампоните. За почеток можете да се обидете со неколку за да видите кој најубаво дејствува на косата и потоа употребувајте го него. Косата ќе ви покаже ако шампонот не дава ефекти, таа ќе биде сува, без сјај и ќе изгледа секогаш неизмиена. Со менување на шампонот за кратко време, вие му приредувате шок на влакното што веќе се навикнало на одредени состојки.
На второ место е регенераторот. Најубаво е да се обидете да најдете од оние што штитат од УВ-зраци. На тој начин одеднаш ќе се ослободите од два проблема. Прво, косата нема да се електризира, ќе биде мазна и убаво ќе паѓа. Второ, ќе ја заштитите од сончевите зраци, а тоа е многу важно. Ако не успеете да најдете ваков регенератор, побарајте друг вид производ, како спреј или силиконски капки.
Користете соодветни производи. Освен на квалитетот, мора да обрнувате внимание и на составот на производите. Нема потреба да купите сé и да ѝ правите агресија на косата. Лекувајте ја со лекови наменети за болеста. Постои разлика ако третирате сува коса или оштетени врвови. Прочитајте го упатството за употреба пред да почнете со третманите.
Редовно потскратувајте ги врвовите. Иако имате долга коса, на секои две недели треба да ги одржувате врвовите. Еден сантиметар не значи дека ќе ја изгубите должината. Но, ако одамна не сте биле на фризер, тогаш мора да ја скратите косата до делот каде што е оштетена. Редовното потскратување ги одржува врвовите и оневозможува нивно двоење.
Практикувајте домашни природни третмани. На нашиот сајт можете да пронајдете многу домашни рецепти за природни маски и тоа за секаков тип коса. Плодовите од природата несомнено се најдобар начин за дејствување. Доволно е неколкупати да ги масирате оштетените врвови и сувата коса со маслиново масло за да забележите разлика.
.gif)






















.gif)























