
Врвот се двои во должина од 2 до 3 сантиметри и добива посветла боја. Лек за расцветени врвови нема, освен старите добри ножици. Но, избегнувајќи некои вообичаени грешки во третирањето на косата, ако ништо друго, ќе го одложите појавувањето на двоење на влакното.
Прво правило: Редовно потскратувајте ја. Не кинете ги врвовите сами или не двојте ги. Така само предизвикувате поголемо расцветување. Единствен лек е потстрижувањето на секои 6 недели. Најдете си добар фризер кој ќе знае да ги отстрани само расцветените врвови, без многу да одзема од должината на косата.
Второ правило: Избегнувајте топлина. Колку што можете, штедете ја косата од фен, преса за виткање или исправување. Нивната топлина го суши влакното, ја одзема природната мрснотија и тоа станува лесно кршливо. Ако навистина е неизбежно нивното користење, тогаш ставете ги на најниска температура и држете ги 10 сантиметри оддалечени од косата. Никако директно!
Трето правило: Не чешлајте ја додека е мокра. Додека косата е мокра, не е убаво да ја расплеткувате со четка. Воденото влакно се тегне и се кине. Купете си четка со природни влакна бидејќи тие се меки и не се агресивни за влакното. Заборавете на правилото 100 потези со четката за поголем сјај. Тоа се премногу потези и влакното не може да ги издржи.
Четврто правило: Заштитете ја од сонцето. Носете капа додека сте на плажа или, пак, соберете ја за да ги скриете врвовите. Користете шампони со УВ-протекција. Не купувајте производи на база на алкохол бидејќи тој ја одзема хидратацијата на влакното, а сувото влакно веднаш се двои.
Петто правило: Користете производи за спречување на двоењето. Силиконските капки, регенераторот, маската за коса, сигурно дека нема да ги поправат оштетените врвови, но помагаат во подобрување на состојбата и даваат здрав изглед. Преку нив сте обезбедиле доволно хидратација за влакното да опстане на сонце.
Шесто правило: Бидете нежни со косата. Кога нанесувате гел, спреј, додека ја виткате или ја исправувате, додека ја сушите... бидете внимателна. Не тегнете ја, не туткајте ја, не тријте ја со пешкирот. Внимателно расплеткувајте ја со чешелот и работете со врвовите на прстите.
.gif)






















.gif)























