
Проблемот со првутот не треба да ве загрижува со оглед на тоа што секој втор човек на планетата има или имал првут.
Што предизвикува појава на првут? Кожата на целото тело, вклучувајќи ја и главата, се првути. Тоа се всушност мртви клетки што се појавуваат на дневна база. Во рок од 28 дена целата кожа се обновува секојдневно ослободувајќи се од слојот мртви клетки, но тоа е процес кој никој не го забележува.
Скалпот на главата е место каде што живеат карактеристични фунги. Тоа се бактерии што се хранат со природната маст што се излачува од косата на главата. Понекогаш, од сé уште непознати причини, бактериите предизвикуваат иритација на скалпот со што се забрзува ослободувањето на мртвите клетки. Тие во комбинација со маслото што го ослободуваат фоликулите на косата создаваат првут.
Проблемот со првутот е навистина непријатен, особено кога сте излезени во друштво, а на вашите рамена има куп снегулки од првут. Колку и да се трудите, не ќе можете да спречите ако бактериите решиле да го нападнат вашиот скалп. Но, со соодветна нега можете да го минимализирате проблемот и да го контролирате првутот.
Првутот некогаш знае да биде тврдоглав и не секогаш миењето со обичен шампон ќе го реши ваквиот проблем. Ако гледате дека првутот нема намера да се повлече, ќе мора да преминете на употреба на шампон против првут. месечно Менувајте ја марката еднаш месечно бидејќи скалпот со текот на времето ќе создаде имунитет.
Без разлика на изборот на шампонот, практикувајте да ја миете косата двапати. Првиот пат ќе ја исчистите косата од ѓубрето и маснотиите, а вториот пат ќе дозволите хемикалиите да дејствуваат и да навлезат во скалпот.
Постои и еден стар рецепт за соочување со првутот. Измешајте две кафени лажици вински оцет со шест лажици вода. Втријте ја течноста во скалпот пред спиење. Вишокот избришете го со мека крпа. Утрото повторете ја постапката и исплакнете ја косата со вода. Не грижете се за мирисот бидејќи брзо ветрее.
.gif)






















.gif)























