
Бидејќи зборуваме за основните чекори на нега, овој пат ќе се задржиме на конкретни лекови од природата.
Се што треба да направите е да ги набавите природните супстанци, да го подготвите рецептот и да бидете упорни во употребувањето. На почеток нема да видите резултати бидејќи без разлика за каква коса станува збор, нејзе и треба време за да се навикне на новата промена.
На почеток ќе имате чувство дека состојбата наместо да се подобри се влошува, но не се откажувајте. Резултатите ќе се појават, само треба време.
Во екстремни ситуации...
Сигурно до сега имате прочитано дека пудрата за тело помага за мрсната коса. Во ситуациите кога ви се брза, а немате време да ја измиете косата, напудрете ја косата со пудрата за тело. Оставете ја да стои неколку минути и исчешлајте ја. Пудрата делува на тој начин што ја одзема мрснотијата од влакното и коренот.
За секојдневно миење...
Измешајте една супена лажица алое вера гел со едно кафено лажиче цеден лимон. Ваквиот состав ставете го во шампонот и нормално употребувајте го.
Сварете една рака ливчиња од ментол во една и половина чаша вода. Варете 20 минути за листовите убаво да пуштат сок. Исцедете го сокот и додајте го во 300 милилитри шампон. Регуларно мијте ја косата.
Во неделата...
Масирањето на скалпот има ефект како пилингот на лицето. Ќе се ослободите од слојот мртви клетки и вишокот мрснотии. Измешајте една лажичка пивски квасец во чаша вода и додајте многу малку сол. Ставете две супени лажици на скалпот и нежно масирајте со прстите. Оставете смесата да делува барем еден час. Масажата практикувајте ја два пати неделно.
Освен во борбата со ракот и подобрување на апетитот, поточарката нашла примена и во проблемот со мрсната коса. Сето тоа се должи на големиот број здрави состојки меѓу кои железото, цинкот и витаминот А. Во блендер ставете една рака листови од поточарка и една чаша вода, ако имате долга коса ќе ви треба дупло количество. Таквата смеса варете ја десетина минути. Процедете ја и оставете убаво да се олади. Течноста истурете ја долж целата коса и оставете да делува 20 минути, потоа исплакнете.
К'ната е едно од подолготрајните решенија за мрсната коса. Единствениот недостаток е тоа што може да влијае на промена на бојата на косата, ако не на цела тогаш не неколку прамени. Рецептот е многу едноставен, една кесичка к'на измешајте ја со две супени лажици јогурт и додајте неколку зрна шеќер. Ставете ја на косата да делува 20 минути. Потоа убаво измијте ја. Ваквиот рецепт проверено делува, но мора да ве предупредиме дека к'ната може да остави флеки на косата.
.gif)






















.gif)























