Ако имате дилема како да ја
скратите косата, секогаш можете да се ориентирате според своето лице. Формата на лицето ќе ви покаже каков стил ви одговара. Секако, не смеете да ја изоставите и структурата на влакното и типот на косата.
Една фризура не стои исто на кадрава коса или, пак, на ретка коса со тенко влакно. Не е лесно да одредите каков е обликот на вашето лице, но секој подобар фризер треба да знае да ви каже која фризура е соодветна за вас.
Следниот пат отидете подготвена во фризерскиот салон. Добијте претстава за тоа кој стил најмногу ви одговара. Така ќе се заштитите од можно недоразбирање и секако од носењето капа додека ви порасне косата.
Ајде да видиме кој тип а фризури му одговараат на вашето лице и како тоа го извеле познатите:
Лице со облик на дијамантСлично како и овалното лице, така и вие може да експериментирате со разни стилови. Ви стои речиси сé, од премногу кратка до долга и густа коса, сé додека не ја лепите премногу за лицето.
-
Таа е новата русокоса икона на Холивуд со сјај на слонова коска во косата и тонови на кајсија и мед.
...
-
Blair Waldorf во Gossip Girl ги направи познати лентите за коса и кадриците.
...
-
Фенирањето дома ви е измачувачка мисија? Еве 14 совети како да бидете успешна во тоа.
...