
Секоја девојка сака да има негувана коса. Меѓутоа статистиката покажува дека повеќе од 60 отсто од жените имаат проблем со ретко влакно и коса без волумен. За да знаете дали сте дел од оваа група направете тестирање на косата. Земете мал ден од косата и ставете ја на хартија која ќе биде сосема поинаква од бојата на вашата коса. Издвојте ги влакната и видете дали изгледаат проѕирно на листот хартија. Доколку е така, имате проблем со ретка коса т.е. коса без волумен.
Има неколку начини како да се справите со овој проблем
Изберете правилен шампон за косата. Изберете шампон од алое вера, кој длабоко продира до коренот и не само што помага за волумен туку и за сјај на косата. Ова може е и одличен избор затоа што повеќето шампони даваат сјај, но не и волумен на косата. Исто така, препорачливи се шампони со екстракт од мандарина или зелен чај. Тие ги затвораат отворените бори на кожата на главата и овозможуваат да имате бујна коса со волумен.
Изберете маска за коса. Ќе ви понудиме маска која може и сами да ја подготвите. Земете 2 лажици шеќерен сируп, 2 лажици желатин, 1 лажица варено млеко и половина чаша пиво. Нанесете ја смесата на косата и држете ја најмалку 30 минути. Потоа исплакнете ја косата со млака вода и поминете со шампон.
Изберете спреј за косата. Медот го засилува коренот и дава волумен на косата. Земете лажица мед и чаша млака вода. Измешајте ги и ставете ги во шише за спреј. Откако ќе ја измиете косата, распрскајте рамномерно од смесата. Ќе имате волумен, но и сјај на косата.
Покрај овие три задолжителни чекори морате да ги поседувате и есенцијалните производи кои се специјално наменети за подигнување на косата. Еве кои ги препорачуваме и зошто?
.gif)





























.gif)























