miss_dior_cherie_portman_011Совети од Французинките
Маскарата и сјајот за усни се најупотребуваните козметички средства во Париз.
cut0010 најсекси пролетни потстрижувања
Бобот и кусата момчешка фризура чекаат на вас за да им  се спротивставите на високите температури.
blondinka_1 Станете блондинка без фризер
Внимавајте, бојата од каталог речиси никогаш не излегува исто на косата!
susi_vitkana_kosaКако правилно се суши косата?
Послушајте совет од експерт!

Лекување на косата по бојадисување

drying_hair

Го посетивте својот фризер за да ја смените бојата на косата. Возбудени си замислувате како ќе се облечете и нашминкате и како околината ќе ве запознае во ново светло. Во едно успеавте, околината ќе има можност да ве запознае во ново светло, но со гнездо на глава.

Ова ѝ се случи на мојата пријателка. Целиот живот имаше навика сама да ја бојадисува косата. Еднаш реши да отиде на фризер и се врати како попарена. Косата ѝ беше пепел. Изгледаше како некој да фрлил цигара во нејзината глава.

Навистина сочувствуваме со сите што сте го доживеале истиот кошмар. Друго е да излезете со осакатена фризура, ќе си речете тоа е коса, ќе порасне. Но што можете да сторите со сосема пеплосана коса?

Постои еден третман што мора да ѝ го овозможите на косата веднаш по излегувањето од салонот. Затоа, избришете ги солзите и отрчајте во бањата.

Третманот се состои од 5 чекори и трае два дена, без да ја земеме предвид тековната нега.

Прв чекор: За почеток заборавете на чешлањето, тоа нема да ви помогне да ги измазните безживотните прамни. Четката ќе ги искине и онака оштетените прамни и ќе предизвика двоење на врвовите.

Втор чекор: Наведнете ја косата под чешма и ставете и големо количество регенератор. Излезете и завиткајте ја во крпа или ако имате можете да ставите и медицинска капа. Чувајте ја така барем еден час, ако немате време, барем 15 минути. Ова е само почеток на третманот кој на почетокот овозможува хидратација и дотур на хранливи материи. Откако ќе ја исплакнете косата, заборавете на фенот, а камоли на какви било хемикалии.

Трет чекор: Следниот ден заминете во парфимерија или порачајте од каталог  ампули за брзо регенерирање на косата. Можете да најдете и цело пакување од по три во кое е вклучен и специјален шампон и ампула со моментно дејство.

Четврти чекор: Нанесете ја ампулата и оставете ја да се исуши на косата. Сигурно ќе сакате да го забрзате процесот со фен, но гледајте да го избегнете. Ќе забележите дека косата ќе се стврдне, оставете ја тека, нема потреба од чешел. Влезете под тушот и убаво исплакнете ја без да ја фаќате.

Петти чекор: Сега можете да ставите од шампонот, не заборавајте и на регенераторот. Ви препорачуваме да користите иста формула, односно да земете пакет производи од иста фирма и редовно да ги употребувате додека косата да живне. Сега не е време да експериментирате со различни производи.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?