
Жените секогаш го бараат тоа што го немаат. Тие што имаат права коса, сакаат кадрава и обратно. Можеби никогаш не сте гледале на тој начин, но косата е уште еден наследен ген од вашите родители. Денес може да се оди и против природата, но зошто да не се обидете да се прифатите себеси.
Ова не треба да важи само за косата, туку за целото тело. Ако првиот чекор е прифаќањето, вториот е сакањето. Наместо да ги тегнете кадриците и да ја искубете косата, обидете се да уживате во тоа што ви го дала природата.
Копнеете по совршенство, но тоа не можете да го постигнете со пеглање, бојосување, виткање со фигаро... природата е секогаш поубава. Нели?
Се надеваме дека ве убедивме да го задржите природниот изглед на косата, затоа еве совети како да ја негувате:
Брановита коса.
Се верува дека брановитата коса е најлесна за одржување, но не е така. Доколку не се потстрижува и оформува, изгледа многу лошо. Коренот се исправува, а врвовите се туткаат и косата изгледа како триаголник.
Фризерите сметаат дека потстрижувањето на степени со должина до клучната коска е најдобро за овој тип коса. Мијте ја секој втор ден со хидратантен шампон, а ако сакате повеќе да доминираат кадриците, нанесете пена за коса или некој крем за обликување. Додека се суши, околу прстите виткајте ги перчињата за да добиете издвоени прамни.
Тенка и рамна коса.
Девојките со овој тип коса, мака мачат да постигнат волумен. Бидејќи косата е ретка, се лепи за темето и брзо се мрси. Вие мора да користите шампон за мрсна коса, но избегнувајте да користите премногу производи. Доволно е да ја издувате со фенот во коренот и прснете малку спреј за волумен.
Вам најдобро ви стојат кратки фризури, може и боб. Како и да е, ако сакате долга коса, избегнувајте да ја потстрижувате во степени.
Кадрава коса.
Кадриците навистина не е лесно да се одржуваат. Потребни се многу препарати за да се одржува хидратацијата на густото влакно. Доколку не користите силиконски капки, регенератор, а понекогаш и пена, ризикувате косата да се истутка.
Со оглед на тоа што кадравата коса е наклонета на сушење, избегнувајте да ја миете секој ден. Задолжително ставајте регенератор или маска што не се плакне. Обликувајте ја со дифузер.
.gif)






















.gif)























