
Кога купувате маска за коса, купете ја поради конкретна намена. Не ставајте на косата сé и сешто. Генерално, маските се хранливи за косата, но и тие се поделени според типот на косата.
За максимално да ги искористите хранливите состојки на маската, мора да почитувате неколку основни правила. Ќе ве потсетиме кои се тие:
Купете маска за вашиот проблем. Имате проблем со расчешлувањето, имате суви врвови, сакате поголем сјај, потребна ви е дополнителна нега за бојосаната коса... постојат маски што ги покриваат сите овие проблеми.
Не употребувајте маска и регенератор во исто време. Истријте ја косата со шампон и исплакнете. Прескокнете го регенераторот и ставете само од маската. Заборавете на регенераторот сé додека не ја потрошите маската. Ако ставате и маска и регенератор, косата ќе ви се измрси за еден ден.
Не секоја маска се става на целата коса. Почитувајте го упатството за употреба. Најчесто маските се наменети за врвовите, но има и такви што се нанесуваат и на коренот. Некои се плакнат, некои не. На вас е изборот, но и обврската правилно да ги користите. Ако имате оштетена коса, ставајте ја маската на целата коса и почесто.
Не скратувајте го времето за дејствување. Ако практикувате да ставате маска еднаш неделно, тогаш бидете трпеливи и оставете ја да стои на косата подолго време. 3 до 5 минути не се многу, но прават чуда. За побрзи резултати, свиткајте ја косата со крпа. Под дејство на топлината, маската ќе дејствува поефикасно.
Измијте ја убаво со топла вода. Многу е важно маската темелно да ја исплакнете. На добрата маска ѝ треба повеќе време да падне за разлика од шампонот или регенераторот. Плакнењето завршете го со поладна вода.
Многу девојки употребуваат и домашни маски за коса. За да задоволиме сечија потреба, ќе ви понудиме неколку рецепти и плус неколку готови производи.
Маски наменети за секој тип коса...
Маска од банана. Истолчете една банана, додадете едно јајце, 3 супени лажици мед, 3 супени лажици млеко и 5 супени лажици маслиново масло. Внимавајте смесата убаво да се соедини и нанесете ја на косата. Оставете да дејствува 10 до 15 минути и измијте ја со лесен шампон.
Маска од јогурт. Со миксер, изматете една белка од јајце. Во текот на матењето додајте 6 лажици јогурт. Смесата нанесете ја од коренот до врвовите. Убаво масирајте и оставете да дејствува 30-ина минути. Измијте ја косата со благ шампон.
.gif)
































.gif)























