jumperТоп-10 џемперчиња за оваа есен
Навистина се одлични за наутро кога е посвежо или за вечерните излегувања.
karminmalaMake up трендови за оваа сезона
Оваа сезона од модните центри  препорачуваат руменило ледено како мраз - со јака боја и поголема слобода при неговото нанесување.
obetki11Заблескајте со големи обетки!
Дали и вие сте зависни од нив? Уникатни, шарени, големи!
korektorКако се нанесува коректор?
Научете како да покривате мозолчиња, дамки, подочници.

10 знаци дека на косата и треба промена

woman_curling_hair

Промените се убави бидејќи прават да изгледаме подмладено и свежо. Има девојки на кои фризурите брзо им здодеваат, но има и такви што секогаш носат иста фризура и забораваат да посетат фризерски салон со години.

За да видите дали спаѓате во втората категорија, побарајте ги следните карактеристики кај својата коса:

1. ЗНАК: Вашата коса нема волумен.

Косата во делот кај коренот секогаш е исправена и се лепи, додека врвовите се бујни и личат на грмушка. Секогаш мора да ја пеглате или да ја виткате за да изгледа убаво. Само измиена и исушена со фен добива форма на триаголник.

2. ЗНАК: Пријателите што одамна не сте ги виделе ви велат дека од средно воопшто не сте се промениле.

Ова е најдобриот показател дека секогаш изгледате исто. Во ред е ако тоа ви се допаѓа, но можеби е време да разгледате некое списание. Не мора да правите крупни промени, доволно е да направите кркми и веднаш ликот ќе ви се смени.

3. ЗНАК: Издвоените прамени премногу двојат од основната боја на косата.

Со текот на миењето бојата се менува, станува сé побела или пожолтува. Без оглед што често ја миете, косата секогаш изгледа мрсна. Или ќе мора да чекате прамните да израснат, можете да ги бојосате со боја како природната коса или да извадите нови прамни. Шатирањето обично се прави на секои 3 месеци.

4. ЗНАК: Повеќе не добивате комплименти за изгледот на косата.

Ова не значи дека веднаш треба да заминете на стрижење, но може да се обидете да ја носите косата на поинаков начин. Не бидете толку заљубена во пеглата. Направете благи кадрици, расцепете ги кркмите и ќе добиете гламурозен стил.

5. ЗНАК: Вашата коса се совпаѓа со тенот.

Ако вашата коса е премногу блиска со тенот, тогаш можете да размислите за шатирање. Издвојте потемни прамени што навистина ќе ве освежат, а и шминката ќе ви стои поубаво. Шатирањето не е толку болна процедура за косата.

6. ЗНАК: Облеката се промени, но косата остана иста.

Точно е дека новото парче облека ќе го забележи секој, барем тие што секој ден се со вас. Но, за да бидете поинаква од глава до петици, мора да обрнете внимание и на косата. Облеката не може да ве освежи толку колку што може новата фризура.

7. ЗНАК: Доволен е еден збор - сено.

Можеби ја добивте посакуваната боја, но сé е залудно ако вашата коса е мртва и без сјај. Размислете за некој третман, купете нова маска и еднаш во месецот ставајте ѝ ампула. Скратете ја со интересна должина и ќе изгледате шик.

8. ЗНАК: Косата секогаш ја носите собрана во опавче.

Досадно е постојано луѓето да ве гледаат залижана, а ризикувате и косата да ви опадне. Повремено мора да ја пуштите за да може слободно да дише. Направете кркми или купете шноли за да ја носите полуфатена.

9. ЗНАК: Ви треба минимум половина час за да ја средите косата.

И покрај тоа што сте тазе потстрижани, вие секое утро доцните на работа бидејќи никако не можете да излезете на крај со косата. Мора да разговарате со фризерот или да појдете кај нов за да ја поправите грешката.

10. ЗНАК: Вашиот фризер ве средуваше со затворени очи.

Наместо разубавена, од салонот излеговте осакатена. Не измачувајте се со таквата коса. Вам очајно ви е потребна промена. Обратете се кај поискусен фризер, сигурно ќе знае како да ви помогне.




 
Банер
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?