
Доколку дневно губите по сто влакна од косата, тогаш немате проблем со опаѓање. Барем така велат истражувањата. Некои може да губат и повеќе од тоа, се зависи од хормонската состојба на женското тело, стресот, возраста...
Нека не ве плаши четката со куп влакна, или кадата која буквално се затнува од вашата коса. Обновувањето е нормална фаза од животот на сечија коса. Но, ако се уште сте во дилема и ако опаѓањето не ви делува како нормално, тогаш побарајте дополнителни симптоми.
Карактеристики за женското опаѓање на косата.
Карактеристично за женското опаѓање на косата е тоа што предниот и задниот дел од главата остануваат недопрени. Додека кај мажите се разликуваат неколку карактеристични ќелави точки, кај жените опаѓањето се манифестира со ретчење на косата.
Косата станува се поретка во делот кај шишките па се до темето. Всушност тоа е централниот дел на главата или уште го нарекуваме круна на главата. Најочигледен доказ дека косата страда од опаѓање е опавчето. Тоа станува се поретко и тенко. Влакната стануваат нерамни, некои се подолги некои пократки, а се менува и нивниот дијаметар.
Што значи девојки, косата на четката, во лабавото или на перницата не се доволен доказ за да заклучите дека имате проблем. Доколку фазата на опаѓање трае предолго, тогаш најдобро е да се консултирате со дерматолог. Можеби се работи за иритација на кожата на главата што го предизвикува опаѓањето на влакното.
.gif)






















.gif)























