
Косата знае да биде голем проблем за девојките што се занимаваат со спорт. Тука не мислиме на пречењето на косата во текот на играта или вежбањето на справа. Можеби не сте знаеле, но за спортистките постојат посебни правила за негување на косата.
Зошто стилистите за коса смислиле посебни правила? Ако подобро размислите, ќе видите дека таа коса поминува многу тортури. Постојано е стегната за да не пречи, мрсна е и водена од потењето.
Останува да видиме што може да се стори за нејзината заштита.
1 заштитна мерка:
Собирањето на косата е неизбежно, но направете го што побезболно за коренот. Доколку премногу ја стегнете, порите на главата не можат да дишат и косата може да почне да паѓа. Соберете ја во опавче или во кок, но не стегајте ја премногу.
2. заштитна мерка:
Потењето е одлично за телото, но не и за косата. Природната сол, која ја има во потта, го поткопува скалпот и го суши коренот. Не постои начин да го спречите овој природен процес, но сепак можете да се заштитите. Носете спортска (памучна) трака на главата, таа ќе ја апсорбира потта од челото пред да дојде до скалпот.
3. заштитна мерка:
Избегнувајте да носите капи за време на тренингот. Освен што косата се сплескува, не ѝ оставете простор да дише. Честото носење капи предизвикува ретчење на косата и таа почнува почесто да се мрси.
4. заштитна мерка:
Ако спортувањето е поврзано со базен, задолжително пред да влезете во вода ставете регенератор што не се плакне. Можете да носите и од специјалните капи за пливање. На овој начин го заштитувате влакното од агресивниот хлор.
5. заштитна мерка:
По напорниот тренинг, тушот доаѓа како вистински бонус. Но, тука се прават и најголемите грешки. Заборавете на жешката вода, таа само ќе го дехидрира влакното. Млаката вода е најдобра за вашата коса.
6. заштитна мерка:
Третманите за коса, како маслото од јојоба или маската од алое вера, најдобро е да ги нанесете пред вежбањето. Додека вежбате, нивната волшебна формула ќе дејствува на влакното. Зголемената циркулација само ќе ги забрза позитивните ефекти.


















































