
Кадравата коса отсекогаш била ценета поради нејзината деликатност и гламур. Ако девојките со рамна коса изгледаат симпатично и секојдневно, за идната 2010 година се очекува тие да внимаваат на својата женственост и да изгледаат како светските диви и при најобичниот состанок.
Што значи - девојки пристигна ерата кога бујната кадрава коса со многу волумен ќе биде најбараната фризура во салоните. Оваа вест особено ќе ги израдува девојките со природни кадрици што досега мака мачеа со нивното исправување.
Сè уште не е 2010 година, но веќе сме на самиот праг. За да бидете предвесник на модата, за новогодишната вечер извиткајте ја својата коса!
Жените отсекогаш претендирале да изгледаат софистицирано и невино. Кадравата коса по сè изгледа успеала да им ја исполни желбата. Од тие причини речиси и да не постоела жена што не поседувала кадрава перика. Подоцна била создадена и ладната фризура со цел да се одржат кадриците подолго време.
Фризерите со помош на новите технологии и последните трендови издвоија неколку видови фризури. Тоа значи дека не сте ограничени само на еден тип кадрици. Постои само една основа од која мора да тргнете, тоа се подигнатите и издвоени прамени што се во служба да ѝ дадат екстра-волумен на косата.
Варијациите се големи, од благо кадрава коса, густи и дефинирани кадрици, крупни и ситни кадрици, лабави што почнуваат од половина коса, оние што почнуваат од коренот...а дозволени се и во комбинација со рамни кркми.


















































